1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Договорена уште потесна соработка на НАТО и ЕУ

ЕМФ | дпа
10 јануари 2023

Со оглед на руската инвазија на Украина и политиката која што ја води Кина, НАТО и ЕУ се со намера да соработуваат уште потесно.

Шарл Мишел, Јенс Столтенберг и Урсула фон дер Лајен (од л. кон д.) по потпишувањето на изјавата во Брисел
Шарл Мишел, Јенс Столтенберг и Урсула фон дер Лајен (од л. кон д.) по потпишувањето на изјавата во БриселФотографија: Johanna Geron/REUTERS

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, денеска (10.01) ставија потпис на изјавата за уште потесна соработка на НАТО иЕУ. Изјавата, меѓу другото, се однесува на подобра соработка при заштитата на критичната инфраструктура, како снабдувањето со енергија и вода. Освен тоа, како полиња на кои треба потесно да се соработува се наведени и односот кон манипулирањето со информации и мешањето од странство, како и безбедносно-политичките последици од промените на климата. Како ризик за мирот и безбедноста важи затоплувањето на планетата, поради тоа што е ставена под закана основата за живот на милиони луѓе. Последица од затоплувањето на Земјата може да бидат хуманитарни катастрофи, бранови бегалци и миграции, како и растечки конфликти за ресурси, како што е водата и обработливата земја.

За првпат во изјава за соработка на НАТО и ЕУ се тематизираат и можни закани од страна на Кина. Растечката самодоверба на Кина и нејзината политика претставувата предизвик со кој е потребно соочување, се вели во текстот на изјавата. Како најголема закана за безбедноста во текстот се наведува руската инвазија на Украина.

Изјавата се надоврзува на две претходни заеднички изјави од 2016 и 2018 година. Со нив, на пример, беше договорено да се организираат координирани вежби и да се зајакне соработката во областа на сајбер-безбедноста.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми