1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Супервештачења ги кочат судските процеси и по една година

ДТЗ
23 септември 2022

Судот чека 315 дена да биде готово супервештачењето за несреќата кај Ласкарци, а за случајот „Тендери“ поминати се повеќе од 100 дена од наредбата да се изврши супервештачење

Ласкарци несреќа Северна Македонија
Судот чека 315 дена да биде готово супервештачењето за несреќата кај ЛаскарциФотографија: Getty Images/AFP/Str

Супервештачења со месеци го закочуваат заокружувањето на два судски процеси, за кои и по неколку години се уште нема пресуда. Основниот кривичен суд во Скопје повеќе од десет месеци чека да заврши супервештачењето за автобуската несреќа која што се случи кај селото Ласкарци во февруари 2019 година и во која загинаа 16 лица. Поминати се точно 315 дена од наредбата за супервештачење издадена на 11.11.2021 година. Но, ова не е единствениот случај. Поминати се и 110 дена од наредбата издадена на 6.04.2022 година за изработка на супервештачење за случајот „Тендери“,за којшто се уште нема судска разврска. 

Ова се само дел од сознанијата до кои дошле од Коалицијата „Сите за правично судење“ врз база на мониторингот на судските процеси во земјата. Во тек е изработка на детална анализа за процесите која што треба да се објави до крајот на годината. 

Долги судења

Несреќата кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година, кога автобус на „Дурмо турс“ кој возеше на редовна линија Скопје-Гостивар излета од патот. Загинаа 16 патници, а 37 беа повредени. Судскиот процес започна на 5 септември 2021 година, но и по повеќе од три години никако да финишира. За несреќата се обвинети шест лица, меѓу кои и  сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули. На дел од нив им се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека на останатите за соучество.

Откако Универзитетите во земјата лани одбија да го прават вештачењето, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења.

Супервештачење се чека и за случајот  „Тендери“ во кој е обвинета поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска за тендерот за изградба на Музејот на македонската борба, којшто е дел од проектот Скопје 2014. За случајот се бара одговорност и од двајца членови на Комисијата за јавни набавки. Судењето започна во 2018 година, но се уште не му се гледа крајот.  

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми