1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГрција

Мицотакис: „Историски ден за Грција“

СН/агенции
20 август 2022

Ова е крај на болниот период за Грција што доведе до економска стагнација и поделба во општеството, изјави премиерот Мицотакис. По 12 години, земјата од денеска повеќе не е под финансиски надзор на Европската унија.

Европската унија повеќе од една деценија ја помагаше длабоко задолжената Грција да излезе од кризата
Европската унија повеќе од една деценија ја помагаше длабоко задолжената Грција да излезе од кризатаФотографија: picture-alliance/AP Photo/Giannakouris

По дванаесет години надзор од страна на Европската комисија дојде „историски ден за Грција и за Грците“, кои вртат нова страница, соопшти денеска премиерот Кирјакос Мицотакис.

„Се затвора 12 годишниот циклус кој им донесе болка на грчките жители, ја забави економијата и го подели општеството“, рече козервативниот премиер. „Пред нас е нов хоризонт на раст, единство и на просперитет“, додаде Мицотакис.

Грчката влада во 2010 година, во момент на тешка финансиска состојба во земјата, се обрати за помош на ЕУ, Европската централна банка и на Меѓународниот монетарен фонд.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вети подобри денови за ГрцијаФотографија: Eurokinissi/ANE/picture alliance

Таканаречената „тројка“ во три наврати ја кредитираше Грција со 289 милијарди евра, барајќи притоа мерки на штедење за се подобрат јавните финансии и ја наполни државната благајна.

Атина ги намали пензиите и платите, го зголеми данокот, запре вработувања во јавната администрација, ги намали буџетите на администрациите, болниците и на јавните органи.

Третиот круг помош заврши во 2018 година, но Европската комисија тогаш започна засилен мониторинг на грчката економија за да го контролира спроведувањето на реформите.

Атина, исто така, се обврза до исплаќање на долгот да го одржува буџетски суфицит од 3,5 отсто.

„Грција денеска е една поинаква земја“, рече Мицотакис. „Имаме силен раст и значителен пад на невработеноста од 3 насто од минатата и 5 отсто од 2019 година.“

Европската комисија годинава предвидува раст од 3 насто на БДП, додека еврозоната во просек ќе расте 2,6 отсто.

Невработеноста во Грција и натаму е една од највисоките во еврозоната, минималната плата е најниска, а јаниот долг од 180 насто и натаму претставува товар за економијата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми