1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Доналд Трамп ја релативизира својата спорна изјава за НАТО

СН/агенции
20 март 2024

Партнерите во НАТО, кои не ги исполнуваат своите обврски, нема да бидат бранети од САД. Со оваа изјава Доналд Трамп предизвика револт кај сојузниците. Сето било преговарачка тактика, вели сега тој.

Доналд Трамп е критичен кон НАТО. Во интервју за британскиот ТВ канал ГБ Њуз сега тој го смени тонот.
Доналд Трамп редовно е критичен кон НАТО. Во интервју за британскиот ТВ канал ГБ Њуз сега тој го смени тонот.Фотографија: Andrew Harnik/AP Photo/picture alliance

Изјавата на републиканецот Доналд Трамп за НАТО во февруари годинава ги вознемири политичарите во Европа. Тој за време на предизборен митинг во американската сојузна држава Јужна Каролина порача дека дека нема да им гарантира заштита на земјите членки на Северноатлантскиот воен сојуз во евентуален конфликт со Русија доколку тие не го платат својот „фер дел“ од трошоците за одбрана

„Моите изјави се начин на преговарање. Зошто би ги штителе земјите кои имаат многу пари, а не плаќаат ништо. САД плаќаат најголем дел од парите за НАТО“, рече Трамп во интервју за британската телевизија „ГБ Њуз“ со Најџел Фараж, поранешен член на Европскиот парламент кој силно се залагаше за Брегзит.

Неговите изјави беа остро критикувани од некои европски лидери и од претседателот Џо Бајден.

Но, Трамп нагласува дека по неговите изјави, касата на НАТО почнала да се полни.

Републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД во ноември на кои ќе се соочи со актуелниот претседател Џо Бајден,  редовно ги критикува сојузниците во НАТО дека не ги исполнуваат своите финансиски обврски кон Алијансата и тврди дека без САД нема да има ни НАТО.

Северноатлантската воена алијанса брои 32 членкиФотографија: Olivier Matthys/AP/dpa/picture alliance

„Не заборавајте дека ним им е поважно од нас, ние имаме цел океан кој не дели од одредени проблеми. Голем, убав океан“, рече Трамп.

На директното прашање дали САД под негово претседателство ќе им помогнат на нападнатите земји од НАТО, Трамп рече дека ќе им помогне.

„Да, но знаете, САД треба да го платат својот фер дел, но не и на сите други“, одговори Трамп.

Со други зборови, ако почнат да играат фер, Америка е согласна, праша Фараж. „Да, 100 проценти“, одговори Трамп.

Од 32 членки на НАТО, околу две третини сега трошат за одбрана целни два или повеќе проценти од бруто домашниот производ.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми