1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Како изгледа новата агресивна надворешна политика на Трамп

АРД
6 јануари 2026

По нападот врз Венецуела, Трамп отворено размислува за натамошни акции во „дворот“ на САД. Зад тоа стои таканаречената „Донрова доктрина“ - нова интерпретација на старата американска стратегија за Западната хемисфера.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, зборува додека државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет стојат зад него за време на прес-конференцијата
Од нападот на Венецуела, Трамп и членовите на неговата администрација отворено зборуваат за тоа како Америка планира во иднина да дејствува во својот дел од светотФотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

Успехот отвора апетит за повеќе. Воодушевен од брзата акција на американската војска во Венецуела, претседателот Доналд Трамп отворено размислува за можни натамошни интервенции, како во неделата (4 јануари, 2026) за време на повратниот лет од Флорида во Вашингтон: „Колумбија е, исто така, многу болна и ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава на САД“, рече републиканецот. „И тоа нема да трае уште долго.“

Една новинарка притоа го праша: Дали ова значи нова воена акција? „Звучи добро“, одговори Трамп и додаде дека веројатно ќе мора „нешто да направи“ со Мексико, иако ја цени претседателката на земјата. Бидејќи Мексико, објасни тој, е управувано од наркокартели. 

„Колумбија е исто така многу болна и ја води болен човек кој сака да произведува кокаин и да го продава во САД“, рече Доналд ТрампФотографија: Jonathan Ernst/REUTERS

А тука е и Гренланд. Руски и кинески бродови насекаде - па затоа Гренланд е потребен за националната безбедност, вели Трамп, особено затоа што Данците не можат да се справат со таа закана: „Дали знаете дека Данска неодамна ја зголеми безбедноста на Гренланд? Додадоа уште една санка со кучиња. Точно! Мислеа дека тоа е одлична одлука“.

„Ќе ја потврдиме и спроведеме Монровата доктрина“

Од нападот на Венецуела, Трамп и членовите на неговата администрација отворено зборуваат за тоа како Америка планира во иднина да дејствува во својот дел од светот. Државниот секретар Марко Рубио рече: „Ова е Западната хемисфера, ова е местото каде што живееме и нема да дозволиме Западната хемисфера да стане оперативна база за противниците, конкурентите и ривалите на САД“.

Ова значи: САД повеќе нема да им дозволат на другите суверени држави во регионот сами да одлучуваат со кои земји и компании ќе одржуваат односи и ќе соработуваат. Ова е утврдено во новата Национална стратегија за безбедност. На страницата 15 пишува: „По години занемарување, Соединетите Американски Држави ќе ја потврдат и спроведат Монровата доктрина за да го вратат американскиот примат во Западната хемисфера.“ 

Марко Рубио „Ова е Западната хемисфера“Фотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Оваа доктрина е формулирана пред речиси 200 години од страна на претседателот Џејмс Монро. Со неа се забранува каква било интервенција од страна на европските сили во Латинска Америка. Алудирајќи на името на Трамп, медиумите ја нарекуваат новата американска надворешна политика „Донрова доктрина“, а и самиот Трамп веќе го употреби тој термин. 

Хегсет: „Тоа е прилично кул“

Министерот за одбрана Пит Хегсет, исто така,  ја спомена Монровата доктрината пред група воени регрути: „Имаше Американци кои ја практикуваа Монровата доктрина уште во 1823 година“, рече тој. „Еве нè сега, во 2026 година, и претседателот Трамп повторно воспоставува доминација и одвраќање во нашата хемисфера. Вие ќе бидете дел од тоа наследство. Тоа е прилично кул“.

Американските политичари веќе долго не го користеа зборот „доминација“ толку често како во последниве денови.

На самиот крај од поглавјето за Западната хемисфера во Националната безбедносна стратегија, се наоѓа оваа реченица: „Треба да вложиме максимални напори да ги протераме странските компании кои спроведуваат инфраструктурни проекти во регионот“. Тоа звучи, на пример, дека градежните компании од Европа кои работат во Латинска Америка би можеле да имаат проблеми со администрацијата на Трамп.

Автор: Од Карстен Кинтоп , АРД

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми