1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Доживотен затвор за проруските сепаратисти кои го урнаа МХ17

БГ /РТР
17 ноември 2022

Суд во Холандија осуди три лица за убиство поради нивната улога во соборувањето на авионот на Малезија Ерлајнс во 2014 година над Украина, и наложи да одлежат доживотен затвор. Четвртиот обвинет беше ослободен.

МХ17 Украина
Реконструирани остатоци од авионот МХ17 кој беше урнат над УкраинаФотографија: Peter Dejong/AP Photo/dpa/picture alliance

МХ17 беше патнички авион кој беше урнат со ракета над источна Украина на 17 јули 2014 година. Загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

„Само најстрогата казна одговара на она што го сториле обвинетите, што предизвика толку големо страдање на толку многу жртви и на нивните најблиски“, рече претседавачкиот судија Хендрик Стенхујс читајќи ја пресудата. Семејствата на жртвие плачеа додека стоечки ја слушаа пресудата. 

Меѓу тројцата осудени се двајца поранешни руски разузнавачи Игор Гиркин и Сергеј Дубинскиј, како и украинскиот сепаратистички лидер Леонид Карченко. Четвртообвинетиот, Русинот Олег Пулатов, беше ослободен од обвинението.

Во периодот кога беше урнат авионот, регионот беше зафатен од судири меѓу про-руските сепаратисти и украинските сили. Областа во која се урна авионот е во регионот Доњецк, кој Русија го прогласи за анектиран годинава, по агресијата врз Украина. Судијата Стенхујс рече дека осудените не уживаат имунитетот од прогон затоа што не биле членови на руските вооружени сили. 

Претседавачкиот судија Хендрик СтенхујсФотографија: Phil Nijhuis/AP/picture alliance

„Нема разумен сомнеж дека МХ17 бил погоден од ракетниот систем БУК“, рече Стенхујс. 

Осудените во бегство  

Претставниците на жртвите изјавија дека пресудата е важен исчекор, иако осудените се во бегство. Се верува дека сите тројца се во Русија, која одбива да ги испорача. Москва отфрла било каква вмешаност или одговорност за уривањето на МХ17, а негира и дека нејзините трупи биле присутни во Украина. 

На брифинг во Москва во четвртокот, портпаролот на руското МНР, Иван Нечаев соопшти дека владата ќе ги истражи заклучоците на судот. „Ќе ја анализираме оваа пресуда затоа што во вакви случаи, секоја забелешка е важна“, рече тој. 

Семејства на загинатите во судницата во АмстердамФотографија: Phil Nijhuis/AP/picture alliance

Четворицата беа обвинети за уривање на авион и за убиство на судењето кое се одвиваше согласно холандските закони.

Клучен доказ на судењето беа пресретнати телефонски разговори од обвинетите од кои може да се заклучи дека тие верувале оти пукаат во украински воен авион. Од четворицата обвинети, само Пулатов се изјасни за невин преку адвокат кој го застапуваше. Останатите беа судени во отсуство и ниту еден не присуствуваше на судењето. Жртвите во МХ17, кој патуваше од Амстердам кон Куала Лумпур, беа од 10 различни држави. Повеќе од половината беа Холанѓани. Истрагата ја водеше Холандија, со учество на Украина, Малезија, Австралија и Белгија. 

Проруските сепаратисти го собориле авионот МХ17

02:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми