1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Драматичен раст на бројот на бездомници во Германија

8 ноември 2023

Бројот на бездомни луѓе во Германија минатата година пораснал драстично, пред сѐ поради големиот прилив на бегалци од Украина. Сѐ повеќе луѓе мораат да бараат спас во државните прифатни центри.

Бездомници Германија
Расте бројот на бездомници во ГерманијаФотографија: Müller-Stauffenberg/IMAGO

Во 2022 година во Германија бездомни биле над 600.000 луѓе, објави Сојузната работна група за помош на бездомници во средата. На годишно ниво, тоа е зголемување за речиси 60 проценти во однос на претходната 2021 година, кога биле евидентирани 383.000 бездомници во земјата. Од вкупниот број регистрирани бездомници, околу 50.000 останале на улица, додека останатите пронашле прибежиште кај роднини, пријатели или во прифатни центри.

Притоа, како што соопштија надлежните, постојат „големи разлики“ меѓу германските и негерманските државјани. Во случајот на Германците, постои пораст на бездомниците од пет проценти, додека кај странците за 118 проценти.

Големиот раст во вториот случај се должи на големиот прилив на бегалци, особено од Украина. Според официјалната статистика, за бездомници се сметаат и оние луѓе кои се сместени во државни прифатилишта за бегалци.

Оптоварени домаќинства

Кај бездомниците со германско државјанство, статистиката покажува една серија причини: околу 57 отсто од бездомните останале без живеалиште поради откажување на станот. Дополнителни 21 процент останале без живеалиште поради долгови за кирија и енергија, околу 20 проценти пријавиле конфликти во животната околина, додека 16 проценти како причина навеле развод или разијдување. Лицата кои не се државјани, во најголем дел, никогаш и немале стан во Германија, а причината е нивниот бегалски статус.

„Инфлацијата, растот на трошоците за живот и на кириите ги оптоваруваат домаќинствата со ниски приходи во Германија“, изјави Верена Розенке, раководителка на Сојузната работна група за помош на бездомници. Тоа, според неа, води кон сиромаштија, долгови и губење на домовите. „Особено загрозени се групите со мали приходи како домаќинствата со еден член, самохраните родители и мноудетните парови“, вели Розенке.

Германија веќе подолго време се соочува со недостаток на станови и живеалишта кој, паралелно со економската криза и малиот број новоградби, предизвика големи проблеми, особено во големите градови.

Илјадници Украинци во бегство: „Зошто се случува ова? Зошто да бидеме бездомници?“

01:31

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми