1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Државната погребна церемонија за Хаменеи почнува вечерва

СН/агенции
4 март 2026

Во Иран вечер ќе започне тридневниот државен погреб на врховниот лидер, Али Хаменеи. Тој беше убиен во првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран. Израел се закани дека ќе го таргетира и неговиот наследник.

Десетици луѓе со растажени лица држат во рака фотографии на убиениот ирански врховен лидер, ајатолахот Хаменеи
Иранците денеска почнувајќи од 22 часот. ќе можат да му оддадат почит на убиениот врховен лидер Али Хамнеи во Големата џамија Имам Хомеини во Техеран, каде ќе биде изложено неговото тело.Фотографија: Atta Kenare/AFP

Иранците ќе почнат да се збогуваат со убиениот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, на церемонија во Техеран денес вечер, изјави висок ирански функционер за државните медиуми.

Хоџатул-Ислам Махмути, шеф на иранскиот Совет за исламска пропаганда, рече дека церемонијата на збогување ќе трае три дена, а датумот на погребната поворка ќе биде објавен подоцна.

Махмути рече дека јавноста денеска почнувајќи од 22 часот. ќе може да му оддаде почит на убиениот врховен лидер Али Хаменеи во Големата џамија Имам Хомеини во Техеран, каде ќе биде изложено неговото тело.

„Мосалата (салата за молитва) ќе прима посетители и драгиот народ ќе може да дојде, да учествува на церемонијата на збогување и уште еднаш да покаже силно присуство“, рече тој, објавија иранските медиуми.

Ајатолахот Хаменеи беше убиен во саботата (28 февруари, 2026) на првиот ден од американско-израелските напади врз ИранФотографија: Parspix/abaca/picture alliance

Хаменеи, кој имаше 86 години, беше убиен во саботата, првиот ден од воздушните напади на САД и на Израел врз Иран. Тој ја водеше земјата од 1989 година. Хамнеи ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад, втор по големина во Иран.

Како одговор на американско-израелските напади, Иран од саботата го напаѓа Израел, неколку земји од Персискиот Залив, како и американски објекти во регионот на Заливот.

Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац се закани дека ќе го убие секој ирански лидер избран да го наследи врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

„Секој лидер избран од иранскиот терористички режим да го продолжи својот план за уништување на Израел, да се заканува на САД, слободниот свет и земјите во регионот и да го угнетува иранскиот народ ќе биде сигурна цел за атентат - без оглед на неговото име или каде се крие“, напиша Кац на социјалната мрежа X.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми