1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБелгија

Двајца Швеѓани убиени во Брисел во акт на „тероризам“

БГ /АП
16 октомври 2023

Белгиските власти трагаат по напаѓачот кој во понеделникот вечерта смртно застрела двајца шведски државјани во Брисел. Фудбалскиот меч меѓу Белгија и Шведска е откажан.

Полиција Брисел Убиство
Полицијата го истражува местото на злосторството во БриселФотографија: Kenzo Tribouillard/AFP/Getty Images

Белгиските власти го зголемија нивото на опасност од тероризам во земјата на највисоко ниво по убиството на двајца Швеѓани во Брисел, кој премиерот Александер де Кро оцени дека е поврзан со тероризам. 

Антитерористичкиот центар во Белгија соопшти дека е зголемено нивото на опасност од тероризам и на целата територија на земјата, и тоа на второто највисоко ниво. Претставничка на центарот изјави дека приоритет за властите сега е безбедно да се извлечат од стадионот десетици илјади навивачи, кои го следеа дуелот меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска во квалификациите за Европското првенство во фудбал. Навивачите беа задржани на стадионот и откако беше прекинат мечот и заеднички скандираа „Сите заедно, Сите заедно“ и „Шведска, Шведска“.  

Убиствата се случиле на околу 5 километри од стадионот во Брисел, каде околу 35 илјади навивачи го следеа мечот, кој, пак, беше прекинат на полувреме откако стигна информацијата за двојното убиство. 

Навивачи на Шведска на стадионот во БриселФотографија: John Thys/AFP/Getty Images

Зголемувањето на нивото на закана на четврто ниво значи дека „заканата е екстремно сериозна“. Претходно беше на 2 ниво, што значи дека заканата е просечна.

Непознат мотив 

Засега не е познато дали убиството е поврзано со меѓународните тензии поради војната меѓу Израел и Хамас, ниту дали постои друг мотив за нападот.

Неколку медиуми објавија аматерски видеа од убиствата кои покажуваат човек со огнено оружје кој пука повеќе пати кон луѓе во близина на станица. Едно лице во видео објавено на социјалните мрежи тврди дека тој бил напаѓачот и дека е дел од Исламската држава. Белгиските медиуми цитираат сведок кој го слушнал напаѓачот како извикува „Алах е голем“ по убиството. Според истиот извор, жртвите веројатно биле фудбалски навивачи.

Франција претходно одлучи да распореди дополнителни 7.000 трупи на улиците на градовите, откако во петокот беше убиен учител во едно училиште на северот на земјата. Претседателот Емануел Макрон го осуди нападот како „варварски исламски тероризам“. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми