1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Двајца загинати во напад врз синагогата во Манчестер

ЕМФ / дпа
2 октомври 2025

Две лица загинаа, а четворица се потешко повредени во напад што се случи во четвртокот врз синагога во британскиот град Манчестер.

Граѓани со еврејски капи на главите прегрнати во тага во близина на синагогата на хебрејската конгрегација Хитон Парк, каде што се случи напад во кој загинаа двајца, а повредени се повеќе лица
Нападот се случи на најголемиот еврејски празник Јом КипурФотографија: Christopher Furlong/Getty Images

Во напад врз синагога во Манчестер, што се случи на најголемиот еврејски празник Јом Кипур, загинаа две лица, соопшти полицијата. Напаѓачот, чиј идентитет се уште не се открива, бил убиен од страна на полицијата. На местото на нападот има тим задолжен за деактивирање експлозиви, се вели во соопштение на полицијата.

Претходно, полицијата соопшти дека автомобил влетал во група луѓе и дека освен тоа маж бил повреден со нож. На местото на нападот се распоредени тешко вооружени припадници на полициските сили и голем број возила на службите за спасување. Досега нема наводи за мотивите за нападот.

На местото на нападот се распоредени тешко вооружени припадници на полициските сили и голем број возила на службите за спасувањеФотографија: Peter Byrne/PA Wire/picture alliance

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека е ужаснат од нападот. „Фактот дека ова се случи на Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар, го прави сето тоа уште пострашно“, соопшти Стармер.

Тој замина порано од самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Копенхаген за да претседава со состанокот на Националниот тим за управување со кризи (КОБРА). Стармер вети дополнителна полициска заштита за синагогите низ целата земја. „Ќе направиме сè што можеме за да ја заштитиме нашата еврејска заедница“, рече тој на аеродромот во Копенхаген.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми