1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Смртоносниот Марбург-вирус се појави во Хамбург

БГ/ ДПА
3 октомври 2024

Германските власти соопштија дека хоспитализирале две лица во градот Хамбург за кои постои сомневање дека се заразиле со Марбург-вирусот откако лекувале заболени лица во странство.

Хамбург Марбург Вирус
Специјално возило за превоз на инфицирани патници пред железничката станица во ХамбургФотографија: Lenthe Medien/dpa/picture alliance

Во тек се медицински испитувања на двете лица за кои постои сомнеж дека се инфицирале со смртоносниот Марбург-вирус, кој предизвикува висока температура, крварење и други симптоми слични на Ебола, која припаѓа во истата група вируси.

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека голем процент од заразените од Марбург вирусот умираат. Според градските власти во Хамбург, едно од двете лица до неодамна работело во болница во Руанда, каде се лекувале луѓе заразени со вирусот.

На пат кон Хамбург двајцата развиле симптоми слични на грип. Тие биле пренесени во болница од главната железничка станица во Хамбург во специјално „инфективно возило“, соопшти портпарол на противпожарната служба во градот.  

Полиција пред главната железничка станица во ХамбургФотографија: picture alliance/dpa

Еден перон на станицата бил накусо затворен, но потоа продолжил со работа. 

Вирус за кој нема лек   

За Марбург-вирусот не постои вакцина ниту антивирален третман, според СЗО.

Во пандемијата на Ебола вирусот во 2013 година на западот на Африка починаа над 10 илјади луѓе за три години. 

Марбург-вирусот предизвикува мускулни болни, грчеви во стомакот, дијареја и повраќање крв.

Според податоците на американските здравствени служби, во Германија немало појава на оваа болест од 1967 година.

Вирусот го носи името на истоимениот германски град затоа што токму таму, во 1967 година, група лабораториски истражувачи заболеа од дотогаш непознатиот вирус по контакт со експериментални мајмуни.

Заразата не се пренесува преку воздух, туку само преку директен контакт со телесни течности на заболениот, како крв. Периодот на инкубација е од два до 21 ден.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми