Надворешната сличност на Славомир Собала со Владимир Путин го направи многу баран имитатор на рускиот претседател. „Јас сум единствениот човек кој професионално се претставува како Путин, а не живее во Русија, туку во слободна и демократска држава. Ќе ја искористам оваа слобода да го исмевам овој деспот и неговиот режим. Да живее слободна Украина!“, порачува Собала.