Не им беше лесно да се најдат, имаа проблем со скопското ту лето, ту есен, а не им беше лесно ни со обезбедувањето на просторот кај Охис - Деница Чадиковска и Ардит Тоца цела недела зборуваа за депониите на отровниот линдан и опасностите за скопјани од овој пестицид. Работата во Скопје им заврши, но овој #dw_BalkanBooster тандем повторно ќе се јави во ноември, овојпат со еколошки теми од Албанија.