Октомври е месец на борба против рак на дојка. Годишно ширум светот рак на дојка се дијагностицира кај околу два милиони жени. Тоа е еден од најагресивните облици на рак и ако не се открие навреме, стапката на смртност е голема. Невладината организација од Црна Гора, „Грижи се за себе“, соработува со приватни ординации за на жените да им обезбеди бесплатни или поевтини превентивни прегледи.