Пандемијата ги преоптовари здравствените системи ширум светот. Нема доволно негуватели и друг медицински персонал. Тоа го чувствуваат најдолго оние на кои им е неопходна секојдневна нега. #dw_BalkanBooster претставува решение за дел од проблемите на овие луѓе - паметниот медицински кревет „Илин“. Изработен е од компанијата „Елисиум центар“ и има функции кои постоечките медицински кревети ги немаат