Има ли надеж за невработените лица кои се долго без работа и немаат добри квалификации? Од непрофитната асоцијација „Паблик“ велат - да. „Паблик“ обучува социјални ментори кои работат со маргинализирани и тешко вработливи лица и им помагаат да се вклучат во пазарот на работна сила. Така тие лица почнуваат повторно да веруваат во себе. Придобивка за својот имиџ имаат и компаниите работодавачи.