Давид (името е сменето од безбедносни причини) е единствениот барател на азил од Украина во Северна Македонија. 40-годишникот е еден од 3,7 милиони луѓе раселени поради војната во Украина.
„Војна е. Некои луѓе веќе загинаа. Некои од луѓето кои ги знаев, со мирен живот. Тешки времиња. Јас не сум војник. Војникот исто така нема слобода. Јас решив да избегам. Не знам што оставив, но добив слобода“, вели Давид.
Тој е сместен во Прифатниот центар во Скопје. Во Македонија е сам, а враќањето во Украина е потенцијална опасност. Додека чека азил, прави фигури од глина:
„Кога детето сака да каже нешто смешно, прави гримаса. Така што, оваа жаба е како тие деца, прави забава“, објаснува Давид.
Преку уметноста, Давид си ја лекува душата, но и се вклопува во општеството.
Повеќе во видеото.