1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалФинска

Финска: Едно убиено и две ранети деца во напад во училиште

ЖА
2 април 2024

Во пукање во основно училиште во Ванта е убиено едно 12-годишно дете и две други се ранети. И напаѓачот е малолетен.

Финска: Едно убиено и две ранети деца во напад во училиште
Финска: Едно убиено и две ранети деца во напад во училиште Фотографија: Markku Ulander/REUTERS

Во финско основно училиште денеска утрото дошло до пукање, при што се ранети три 12-годишни деца, од кои едното кратко потоа починало од здобиените рани. Полицијата која добила повик за помош од училиштето го уапсила напаѓачот, кој исто така е 12-годишен и ученик во училиштето. При приведувањето од страна на полицијата тој не пружил отпор, а кај него било пронајдено оружје.

Напад со огнено оружје во основно училиште во Ванта, ФинскаФотографија: Markku Ulander/REUTERS

Полицијата целосно ги блокирала пристапите до училиштето во квартот Вантаа, во кое настава посетуваат околу 800 ученици. Градот Ванта се наоѓа во јужна Финска, покрај Хелсинки и со околу 200.000 жители е четврт по големина во земјата.

Финскиот премисер Петери Орпо на платформата Х изрази шокираност од настанот, истакнувајќи дека во тешките моменти неговите мисли се со жртвите, нивните роднини, учениците и вработените во училиштето.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми