1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилностЕвропа

EK: Дополнителна царина за електричните автомобили од Кина

ЖА
4 јули 2024

Европската комисија привремено воведе дополнителни давачки за увоз на електрични автомобили од кинеско производство.

Кина електрични автомобили
Кинески електрични автомобили во пристаниште спремни за извозФотографија: AFP

Во зависност од производителот, доплатите се движат меѓу 17,4 и 37,6 проценти, како дополнение на десет отсто увозна давачка што веќе се применува, се вели во објавата во Службениот весник на ЕУ во четвртокот. Привремените тарифи ќе важат од утре, петок, а конечната одлука треба да биде донесена до почетокот на ноември за дотогаш да продолжат преговорите со Кина.

Позадината на одлуката се наводите дека кинеските производители имаат корист од големите субвенции  и тоа е на сметка на европските производители. Истрагата на Комисијата го потврди ова, а во средината на јуни властите ги објавија привремените дополнителни тарифи. Преговорите со кинеските власти и производители продолжија до почетокот на јули. 

Кина е подготвена да го освои европскиот пазар на автомобили

00:53

This browser does not support the video element.

„Консултациите со кинеската влада  се интензивираа во последните недели“, соопшти Комисијата во четвртокот. Потпретседателот на службата за надворешната трговија, Валдис Домбровскис, исто така беше во контакт со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао.

Доплатите сега се малку пониски од првично објавените. За кинескиот производител БИД (BYD) стапката треба да биде 17,4 проценти, за групата Гили (Geely) е планирана 19,9 отсто, а за САИК (SAIC) максималната стапка е 37,6 отсто. Компаниите како БМВ или Тесла треба да очекуваат просечна доплата од 20,8 отсто кога извезуваат од Кина во ЕУ.

Германската автомобилска индустрија,  како и сојузната влада и канцеларот Олаф Шолц (СПД) се многу  критични за дополнителните царини.  Стравуваат од директни ефекти врз домашните компании, како и од можни контрамерки од кинеска страна - вклучувајќи дури и отворена трговска војна. Нивната надеж сега лежи во понатамошни разговори со Пекинг.

Според проценките на индустријата, електричните автомобили произведени во Кина сочинуваат речиси 22 отсто од европскиот пазар, во однос на нешто помалку од три отсто пред три години. Кинеските брендови во моментов сочинуваат осум проценти од електричните автомобили што се продаваат во ЕУ.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми