1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Екологисти му ја „зацрнија“ куќата на британскиот премиер

ЕМФ | дпа
3 август 2023

Активисти на Гринпис му ја „зацрнија“ куќата на британскиот премиер Риши Сунак во знак на протест против енергетската политика на британската влада.

Гринпис протест Риши Сунак
Четворица еколошки активисти на Гринпис седат на покривот на куќата на СунакФотографија: picture alliance / empics

Еколошки акгтивисти од Гринпис ја покрија куќата на британскиот премиер Риши Сунак со црн штоф во знак на протест против енергетската политика на неговата влада. Тие, како што потврди полицијата, на покривот на куќата се искачиле изутринава (3.08). Во објектот не упаднал никој. „Премиерот и неговотот семејство не се дома“, соопшти полицијата. Уапсени се пет лица.

Еколошките активисти со опрема се искачуваат кон куќата на Сунак (3.08.2023)Фотографија: Greenpeace/REUTERS

Гринпис објави и фотографија од активисти кои пред покриената куќа на британскиот премиер го прашуваат Сунак што е поважно: „Профит од нафта или нашата иднина?“ На Твитер тие напишаа: „Науката е недвосмислена: за да има сигурна клима не смее да има нафтени и гасни проекти.“

Екологистите прашуваат: „Риши Сунак - профит од нафта или нашата иднина?“Фотографија: Greenpeace/REUTERS

Британската влада неодамна објави дека и покрај острите критики од заштитниците на климата ќе издаде стотици лиценци за производство на нафта и гас во Северното Море. Премиерот Сунак пред три дена, при посетата на Шкотска, најави дека со тоа ќе се отворат илјадници работни места. Критичарите го обвинуваат конзервативниот политичар дека со тоа постепено ги поткопува целите на неговата сопствена влада за заштита на климата.

Дало таргетирањето на нечиј приватен дом е претерано?Фотографија: Greenpeace/REUTERS

Четворица активисти се качија на покривот на неговиот имот во Кирби Сигстон. Тие претходно утврдиле дека семејството не е дома, туку на одмор, цитираше британската агенција ПА еден претставник на Гринпис. Според неговата изјава, тие тропале на вратата и најавиле мирен протест, но никој не одговорил. Сунак во радио емисија вчера зборуваше за тоа дека со своето семејство ќе се одмора во Калифорнија.

Четворица активисти На Гринпис се качија на покривот на имотот на Сунак во Кирби СигстонФотографија: Greenpeace/REUTERS

Повеќе конзервативни политичари ја критикуваа протестната акција на домашна адреса на премиерот. „Ова е неприфатливо“, напиша пратеничката Алиша Кирнс на Твитер. Политичарите со право се следат внимателно, но нивните приватни домови не треба да се напаѓаат, смета таа.

На прашањето дали таргетирањето на нечиј дом е претерано, претставник на Гринпис за ПА вели: „Тоа е премиерот“. Тој е оној кој во Шкотска призна дека се дупчи до последна капка нафта додека светот гори како резултат на глобалното затоплување. „Тој е лично одговорен за оваа одлука и сите ние ќе платиме висока цена доколку тој го спроведе тоа.“

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми