Експлозии во Киев, соборени 13 руски дронови
14 декември 2022Во централната Киевска општина Шевченскиј изутринава имало повеќе експлозии, напиша градоначалникот на Киев, Витали Кличко. Украинските медиуми јавуваат дека руските воени сили со дронови го нападнале украинскиот главен град. Се вели дека украинската противвоздушна одбрана соборила 13 руски дронови. Остатоците од дроновите, како што соопшти воената управа на Киев, оштетиле два административни објекта и четири згради. Извештаи за повредени нема.
Русија со недели ја напаѓа енергетската инфраструктура наУкраина. Милиони луѓе се без струја и греење.
САД сакаат да испорачаат системи за противвоздушна одбрана
Со оглед на зголемениот број руски воздушни напади, украинската влада во текот на изминатите недели од Западот постојано бараше системи за противвоздушна одбрана. САД, по долго колебање, најверојатно сега ќе испорачаат Патриот-системи за противвоздушна одбрана, јавуваат „Њујорк Тајмс“ и Си-Ен-Ен повикувајќи се на извори во американската влада. Одлуката за тоа може да биде донесена веќе во текот на оваа недела. Американската армија го опишува системот Патриот како свој „најразвиен систем за противвоздушна одбрана“.