1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

Мекмастер: Путин е насилник, уличен силеџија и кукавица

БГ/ ДВ
23 ноември 2024

Трамп мора да сфати дека постојаната поддршка за Украина е во американски интерес, вели во разговор за ДВ, Х.Р. Мекмастер поранешен советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп

Херберт Рејмонд МекМастер САД
Херберт Рејмонд МекМастер е поранешен советник за национална безбедност на Доналд ТрампФотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Х.Р. Мекмастер, поранешен советник за национална безбедност на претседателот Доналд Трамп, пензиониран генерал-полковник и воен историчар, во интервју за ДВ вели дека се надева оти старо-новиот претседател на САД ќе ја продолжи поддршката за Украина.

„Со Трамп е навистина важно да се постави сè во контекст на интересите на САД. (…)Се надевам дека некои од неговите советници ќе му помогнат да разбере дека постојаната поддршка за Украина е од американски интерес. Не само поради хуманитарните аспекти на тоа, туку поради поврзаноста на војната со оваа оска на агресори. Ако Русија може да ги постигне своите цели во Украина, тоа ќе доведе до дополнителни кризи... низ Блискиот Исток и Индо-пацифичкиот регион, како и подиректни закани за Европа", вели Мекмастер.

Според пензионираниот генерал, Русија е во војна со Западот „без разлика дали сакаме да го признаеме тоа или не."

„Размислете за војната во сенка во Европа - овие необјаснети, но некако знаеме од каде доаѓаат: запаливи бомби на авионите на ДХЛ, напади врз европската инфраструктура, атентати, сајбер војна. Русија веќе е во војна со нас и ќе продолжи да притиска додека Кремљ не наиде на силен отпор“. 

Запрашан дали Украина треба да започне преговори со Русија за време на втората администрација на Трамп, тој вели: „Мислам дека не. Сега е време да и се дадат на Украина потребните капацитети. Затоа што тие се под физички притисок со постојаната руска офанзива особено на исток, а сега можеби и во регионот Харков. Но, исто така, тие се под психолошки притисок затоа што претседателот Трамп и другите кои доаѓаат во неговата администрација покренаа сомневања за нивната подготвеност да ја одржат поддршката за Украина“. 

На прашањето дали Русија е премногу силна за да биде поразена, тој одговори: „Русија е длабоко слаба. Путин е насилник, уличен силеџија и кукавица... и ќе земе што и да му дадете. Но, кога ќе наиде на силен отпор од Европа и САД, тој ќе се повлече. Потребно е Европејците да преземат повеќе, како што тоа го сторија Полјаците, балтичките земји и нордиските држави. Путин не само што ги продолжува нападите врз Украина, тој ја анектира Белорусија; тој ја преврте природата на владата во Грузија, во Словачка. Погледнете што се обиде да направи во Молдавија за да влијае на референдумот. Погледнете што прави сега во Бугарија. Тој нема да застане додека не биде запрен од заеднички воени, дипломатски и економски напори“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми