1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Електрични возила ќе се произведуваат во Тетово

ДТЗ
11 август 2022

Вицепремиерот Артан Груби објави дека в сабота ќе се постави камен-темелник за новата фабрика. Ова е за првпат во земјата да се продуцира целосен автомобил и да се произведуваат електрични автомобили.

Elektro-E-Auto, Auto wird mit Strom betankt, Batterie wird aufgeladen, Stromtankstelle
Фотографија: Michael Bihlmayer/chromorange/picture alliance

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово, со што се очекува да се отворат 900 нови работи места. Владата информираше дека се обезбедени услови за мултимилионска инвестиција од Германија со која во ТИРЗ Тетово ќе се отворат 3-4.000 нови работни места.

„Владата донесе одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен меѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, се наведува во соопштението. 

В сабота камен темелник 

Вицепремиерот Артан Груби на „Фејсбук“ објави дека в сабота ќе се постави камен-темелник за нова фабрика од автомобилската индустрија. 

„На годишнината на Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 130 милиони евра со што ќе се отворат 900 нови работни места“, вели Груби.

Ова е за првпат во автомобилската индустрија во земјата да се продуцира целосен автомобил и за првпат ќе се произведуваат електрични автомобили. Придобивките од оваа инвестиција, според Владата, се многукратни – од отворање на нови работни места, извоз на производи со голема додадена вредност, пренос на знаење и технологии, мапирање на земјава кај странските инвеститори во оваа фела, до договори и дополнителна работа за локални компании.

 

Малите електромобили во офанзива

01:39

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми