1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

Ељиф Елмас во Лајпциг: нова улога за македонскиот фудбалер

БГ /дпа
22 декември 2023

Трансферот на Ељиф Елмас во германскиот Ред Бул Лајпциг е прашање на време, велат челниците на клубот. Наполи и Лајпциг се договорија за трансфер сумата, остануваат само медицинските прегледи.

Ељиф Елмас Трансфер РБ Лајпциг
Ељиф Елмас пред трансфер во РБ ЛајпцигФотографија: Franco Romano/NurPhoto/picture alliance

 

Потрагата по наследник на Швеѓанецот Емил Форсберг во Лајпциг заврши успешно. Новата десетка на тимот од истокот на Германија треба да биде македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој доаѓа од италијанскиот Наполи. 

„Тој е веќе продаден. Тој е некој кој сака постојано да игра. Тој не сфати дека припаѓа на првиот тим, и тогаш кога не игра цели 90 минути“, изјави претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“. РБ Лајпциг се уште официјално не го потврди трансферот. Тоа ќе се случи по медицинските прегледи. 

Експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо веќе го прогласи трансферот за завршена работа. Но остануваат уште медицинските прегледи кои треба да се извршат до крајот на годинава.

Елмас во Лајпциг ќе добие договор до летото 2028 година и ќе го чини клубот 25 милиони евра. 

24-годишниот фудбалер годинава одигра 16 натпревари за Наполи, но ниту еднаш не беше 90 минути на теренот. 

Скај Дојчланд јавува дека трансферот на Елмас бил договорен уште летоска, но Лајпциг тогаш немал доволно средства за да го комплетира. 

Ељиф Елмас во дресот на македонската фудбалска репрезентацијаФотографија: Norbert Schmidt/picture alliance

Весникот Билд пренесува изјава на спортскиот директор на Лајпциг, Рувен Шредер кој вели дека се целосно уверени во квалитетите на Елмас, но и дека трансферот се уште не е реализиран. 

„Јасно е дека бараме замена за Емил (Форсберг) и секогаш сме велеле дека ќе направиме само нешто во што ние и играчот сме 100 проценти убедени. Имаме во план некој кој има одреден квалитет да ни помогне веднаш. Засега ништо не е готово“.

Замена за Форсберг  

Елмас во Лајпциг ќе биде наследник на Форсберг кој, по 325 одиграни мечеви за германскиот клуб се сели во Њујорк.  Елмас во Наполи, а честопати и во националната репрезентација играше во централниот среден ред, нешто подефанзивно од Форсберг. Веројатно во новиот клуб ќе добие нова позиција и по-офанзивна улога, најверојатно како полушпиц. 

Елмас, кој во моментов залечува повреда на мускулот на тетивата, минатата сезона настапи на 36 од 38 мечеви на Наполи во Серие А, и притоа ја освои титулата во првенството.

Во 2019 година од турскиот Фенербахче се пресели во Неапол каде има договор до 2025 година. За македонската репрезентација овој фудбалер висок 182 сантиметри, досега одигра 52 мечеви и постигна 12 гола. 

Се очекува 24-годишниот фудбалер да им се приклучи на тимските колеги на 2 јануари на тренинг кампот во Ла Манга. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми