1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Елмедина Асани - лекарка за која нема работа во Македонија

02:00

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
6 март 2024

Елмедина Асани ја завршува специјализацијата по неврохирургија, но работа во Македонија не ја чека. Таа е принудена да разгледува понуди од европски земји. Во Македонија нема евиденција за бројот на иселени лекари. Единствен показател засега е т.н. сертификат за добар углед, потребен за работа и обука во странство, кој во последните три години од Лекарската комора го побарале 608 медицински лица.

Елмедина Асани ги брои последните денови до завршувањето на шестгодишната специјализација. Но, македонскиот здравствен систем нема интерес за неа:

„Доколку не успеам да се вработам во Македонија, јас ќе бидам принудена како и моите колеги и другари да ја напуштам државата. И, да се вработам дали во земјите во регионот или во Европската унија, од каде што веќе имам понуди, вели Елмедина. 

Таа неколкупатии аплицирала на јавни конкурси, но и покрај високите оценки (просек 9,7) и бројните признанија, никогаш не била вработена. Младата лекарка оценува:

„Партиските вработувања и непотизмот се голем проблем, којшто го деградира и уништува здравството и прави девалвација на трудот на сите нас останатите обични смртници, како што велеше еден мој професор, да постигнеме на некој начин да бидеме тоа што сакаме.”   

Покрај долгиот период на професионална подготовка, специјализантите се исцрпени и економски. 
Приватната специјализација чини околу 15.000 евра.

„Бев принудена да земам кредит за да си ја отплаќам специјализацијата. За да се обучи еден млад доктор не само семејствата, туку и државата троши многу пари, време и енергија. И да се изгуби таков кадар? Јас можам тоа да го поистоветам со криминално дејствие”, вели со горчина Елмедина Асани.

Во земјата има над 2000 специјализанти. Поради нефункционалниот систем за вработување, повеќето заминуваат во странство.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми