1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Енџи - живата статуа

01:42

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
17 октомври 2023

Вистинска e или не, е првата дилема кај секого што ќе ја забележи на улица – младата актерка Енџи Николовска настапува и како „жива статуа“. Предизвикот да се остане замрзнат 3 до 4 часа ja натерал Енџи да се одлучи за ваков вид стритарт. Со кои уште предизвици се соочува таа? #dw_BalkanBooster

„За да се настапи како жива статуа потребнa е физичка и психичка подготвеност, трпение. Подготовката за еден настап трае околу час, час и половина. Вежби за загревање на телото, шминка, времето за преминот - јас како Енџи во актот, се дел од процесот“, вели младата актерка Енџи Николовска. 

Настапот на улица не е едноставен. Реакциите на публиката се позитивни, но се случува по некој и да ги турне за да се увери дека се „вистински“:

„Тешкотиите што вие не ги гледате најверојатно и не можат да се препознаат, зашто кога ќе ги видиме реакциите од публиката не се забележува ништо што се случува во позадина, односно само ние тоа го знаеме. Болка и не постои, затоа што имаме одличен фидбек од публиката.”

Енџи Николовска како жива статуа на улиците на СкопјеФотографија: Arbnora Memeti/DW

Младата актерка, како дел од продукцијата „Театроск“ редовно настапува на Статуафест – уличен уметнички фестивал на живи статуи. Тоа ги надополнува нејзините приходи, кои кај младите актери во Македонија не се високи. Иселување заради подобар живот и себеостварување засега не е опција за Енџи Николовска. Таа бара државата повеќе да вложува во културата и да поддржува настани како Статуафест:

„Институциите и државата да вложуваат повеќе во тоа, затоа што на некој начин тоа е мотивацијата на младите. А нормално, секој од нас би сакал да остане дома, а видиците ги проширува надвор.”
 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми