1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиТурција

Ердоган се нуди како посредник во конфликтот околу Запорожје

ЕМФ | агенции
3 септември 2022

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се понудил на рускиот претседател Владимир Путин како посредник во конфликтот околу нуклеарната централа Запорожје.

Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин во Сочи, 5.08.2022
Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин во Сочи, 5.08.2022Фотографија: MURAT KULA/TURKISH PRESIDENTIAL/AFP

Турција би можела да преземе „улога на посредник“ во конфликтот околу нуклеарната централа Запорожје исто како што „веќе имаше во постигнувањето на договорот околу житото“, нагласил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска (3.09) кабинетот на турскиот претседател.

Со посредство на Турција и ОН, Русија и Украина во јули постигнаа одделни договори за повторно лиферување на украинското жито, кое беше блокирано поради руската инвазија на Украина.

Атомската централа Запорожје и регионот околу неа во текот на изминатите недели беа постојано напаѓани, а одговорноста за тоа Украина и Русија си ја префрлаат една на друга. На средба со уркаинскиот претседател Володимир Зеленски, минатиот месец во Лвов, Ердоган предупреди на опасноста од нуклеарна катастрофа како онаа во Чернобил, во 1986 година.

Во четвртокот (1.09), по гранатирање, беше исклучен реакторот број 5 во Запорожје. Набргу потоа, тим од експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигна во најголемата европска нуклеарна централа. Тимот од 14 лица треба да ја провери безбедноста на објектот. Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси и некои други членови на тимот си заминале уште во четвртокот, но, според руски информации, шестмина од меѓународните инспектори останале во објектот. Двајца експерти на МААЕ, како што се вели, треба да останат трајно во нуклеарната централа.

Москва ја оцени мисијата на МААЕ во Запорожје како „многу позитивна“. Од друга страна, украинскиот претседател Зеленски јасно ја критикуваше МААЕ. Тој ја обвини дека не побарала јасно „демилитаризација“ на нуклеарната локација. Според украински извори, руската армија ја повлекла сета своја воена опрема од локацијата на електраната непосредно пред пристигнувањето на мисијата на МААЕ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми