1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаЕрменија

Ерменија ја призна Палестина

ЕМФ | агенции
21 јуни 2024

Ерменија признава држава Палестина, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Ереван.

Ереван, Ерменија
Ереван, ЕрменијаФотографија: picture alliance / VisualEyze

Ерменското Министерство за надворешни работи денеска (21.06) соопшти дека „потврдувајќи ја својата верност кон меѓународното право и принципите на еднаквост, суверенитет и мирен соживот на народите, Република Ерменија ја признава државата Палестина“. Со овој чекор, Ерменија ги следи Словенија, Шпанија, Ирска и Норвешка, кои официјално ја признаа независната палестинска држава во последните недели.

Ереван има „искрена желба за траен мир“ во регионот, нагласува Министерството, осврнувајќи се на „критичната ситуација во Појасот Газа“. Владата во Ереван е против „насилство врз цивилите“.

Решението за две држави предвидува независна палестинска држава која мирно коегзистира со Израел. Генералниот секретар на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал-Шеик, веднаш ја поздрави најавата од Ерменија. „Ова е победа на законот, правдата, легитимноста и борбата на нашиот палестински народ за ослободување и независност“, напиша тој на мрежата X.

Двете држави на ЕУ, Шпанија и Ирска, како и Норвешка во мај официјално признаа независна палестинска држава. Словенечкиот парламент на почетокот на јуни гласаше за признавање на палестинската држава. Тие го прекинаа долгогодишниот став на западните земји дека ќе признаат палестинска држава само како дел од мировен договор со Израел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми