1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЕрменија

Властите молчат за причините за експлозијата во Ереван

ЕМФ | агенции
15 август 2022

Најмалку петмина загинати и десетици повредени е билансот по експлозијата на пазарот во ерменскиот главен град Ереван што се случи вчера (14.08).

Armenien I Explosion auf Markt in Eriwan
Фотографија: Alexander Patrin/TASS/picture alliance

Министерството за заштита од катастрофи соопшти дека експлозијата предизвикала пожар. Според наводи на властите, таа се случила на пазарот на големо Сурмалу, кој во недела е вообичаено полн. Една зграда се урнала, а спасувачките екипи сѐ уште трагаат по преживеани. Од Министерството за вели дека има најмалку петмина загинати, околу 60 повредени и околу 25 лица кои сѐ уште се водат како исчезнати.

Причината за експлозијата засега е непозната. Повеќе медиуми, кои се повикуваат на изјави на сведоци, јавија дека експлозијата се случила на место каде што биле складирани пиротехнички материјали. Властите засега молчат во врска со тоа.

Експлозијата се случи на пазарот Сурмалу, во ЕреванФотографија: Daniel Bolshakov/AP Photo/picture alliance

Непосредно по експлозијата на пазарот, евакуирано беше метрото во Ереван поради дојава за бомба, но експлозив не бил пронајден.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми