1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шолц „Не“, ЕУ „За“ казнени царини за кинески е-автомобили

АРД | агенции
4 октомври 2024

И покрај гласањето против од страна на Германија, ЕУ може да воведе дополнителни царини за електрични автомобили од Кина. Брисел го обвинува Пекинг за нелегални субвенции.

Кинески е-автомобили за извоз
Европската комисија ја обвинува Кина за нелегални субвенции на е-автомобилитеФотографија: AFP

Германија се спротивстави, но ЕУ може да воведе дополнителни царини за електричните автомобили од Кина. За да се запрат плановите, ќе беше потребно мнозинство меѓу 27-те земји-членки. Според информации од дипломати, тоа не се случило за време на гласањето. Тоа значи дека Европската Комисија може да одлучи да воведе даноци до 35,3 отсто најдоцна до почетокот на ноември.

Комисијата на ЕУ ја обвинува кинеската влада дека вештачки ги намалува цените преку субвенции и со тоа ја нарушува конкуренцијата.

Од ноември се планирани стапки до 35 проценти, што ќе се додадат на сегашните  увозни царини  од десет проценти. 

Шолц: Продолжување на разговорите со Кина

За да се отфрли  предлогот на Европската комисија,  најмалку 15 влади на ЕУ, кои претставуваат две третини од населението на ЕУ, денеска (4.10) требаше да гласаат против, но тоа не се случи, иако шефот на владата на најголемата автомобилска земја во Европа изрази загриженост.

Германскиот канцелар Олаф Шолц објаснува: „Се разбира дека мораме да ја заштитиме нашата економија од нефер трговски практики. Сепак, нашата реакција како ЕУ не смее да доведе до тоа да си наштетиме себеси. Затоа мора да продолжат преговорите со Кина во врска со електричните возила“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц се изјасни против воведување дополнителни царини за увоз на кинески е-автомобили во ЕУФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

Од перспектива на Германија, казнените царини би направиле повеќе штета отколку корист: Кина е најважниот трговски партнер на Германија. Три од четири автомобили произведени во Германија се извезуваат. Но, иако експертите во Брисел и Пекинг разговараат меѓу себе речиси секој ден, сè уште нема знаци за напредок.

Сепак, претседателката на Здружението на автомобилската индустрија (ВДА), Хилдегард Милер, нагласува: „Има значително придвижување во дискусиите. Инструментите за кои се разговара се многу поинтензивни отколку на почетокот. Токму тоа е вистинскиот начин. Земјите со различни ставови за трговските прашања треба да седнат и да разговараат, а не да ескалираат".

Драстично зголемен увозот на електрични автомобили од Кина

Здружението ги отфрла  заштитните царини на ЕУ  и предупредува на трговски конфликти со штети за сите страни. Всушност, казнените мерки на Брисел ги погодуваат и германските производители кои имаат производство во Кина - тие обично го прават тоа како дел од џоинт венчр со локални партнери.

Кина е подготвена да го освои европскиот пазар на автомобили

00:53

This browser does not support the video element.

Според Комисијата, процентот на електрични автомобили увезени од Кина во регистрациите во ЕУ се зголемил многукратно во последните четири години - од 3,5 на 27 проценти.  Германските производители на автомобили  стравуваат и дека евентуалните контрамерки од Пекинг би можеле да ја намалат нивната продажба.

На денешното гласање, сојузната влада гласаше против. Се очекуваше некои земји од ЕУ да се воздржат бидејќи се плашат од одмазда на Кина. Зашто Пекинг со повеќе трговски процедури има во визир одделни држави-членки: на пример, ограничувањата на увозот на свинско месо тешко би ја погодиле Шпанија. Можните ограничувања на увозот на коњак се насочени кон Франција. Париз, како и Италија, категорично се изјасни „за“ казнените царини.

Затоа беше малку веројатно дека денеска ќе има доволно гласови за да се запрат мерките. Европската Комисија нагласува дека сѐ уште продолжува да преговара со Пекинг.

Казнени царини - силен сигнал против нелојалната конкуренција

„Би сакал да нагласам дека заклучокот на истрагата не мора да значи крај на дискусиите за пронаоѓање на решение“, изјави претходно одговорниот директор во Генералниот директорат за трговија, Мартин Лукас. „Истрагата има рокови кои мораме да ги испочитуваме. Конечните мерки мора да се спроведат до 31 октомври. Прашањата за цените или други решенија сепак може да се прифатат и после тоа."

Европратениците од германските партии на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) и од Зелените ги поздравија најавените казнени даноци како силен сигнал против нелојалната конкуренција. Таков знак бара и бриселската тинк-тенк „Бругел“ - дури и ако тоа доведе до дополнителни трошоци. Во минатото, Европа премногу често го занемаруваше и игнорираше проблемот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми