1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го отвора првото преговарачко поглавје со Албанија

ЕМФ | агенции
15 октомври 2024

Европската унија денеска го отвора првото преговарачко поглавје со Албанија во процесот на приклучување на таа земја во Унијата.

Албанскиот премиер Еди Рама и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен
Албанскиот премиер Еди Рама и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен во Брисел (архивска фотографија)Фотографија: Dursun Aydemir/AA/picture alliance

Повеќе од две години по официјалниот почеток на разговорите за прием на Албанија во ЕУ, преговорите денеска (15.10) влегуваат во следната фаза. Двете страни ќе се сретнат на маргините на состанокот на 27-те министри за европски прашања во Луксембург. Ќе биде отворен првиот кластер во преговорите, кој се однесува на демократските институции во Албанија. Напредокот со реформите во кластерот 1 (правосудство и основни права, правда, слобода и безбедност, јавни набавки, статистика, финансиски надзор) го одредува вкупното темпо на преговорите. 

Албанија влезе во НАТО во 2009 година, а истата година поднесе барање за влез во ЕУ. Првата меѓувладина конференција за пристапни преговори се одржа во јули 2022 година. Напредокот на Албанија досега беше поврзан со напредокот на Северна Македонијана патот кон ЕУ. Земјите од Унијата ја напуштија оваа практика во септември, така што Албанија е прва земја кандидат за членство која отвора преговори по изменета метолодологија на проширување, соопшти унгарското претседателство со ЕУ. Како особено проблематични прашања за Албанија важат корупцијата и организираниот криминал.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми