1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

ЕУ и САД му дадоа поддршка на Судскиот совет

БГ /МИА
3 јули 2024

Распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе значи мешање во независноста на судската власт, порача евроамбасадорот Гир. Агелер им порача на судиите да пружат отпор на политичките притисоци.

Судски совет Весна Дамева
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева Фотографија: Petr Stojanovski

Амбасадорите на ЕУ и САД во Северна Македонија, Дејвид Гир и Анџела Агелер денеска му изразија поддршка на Судскиот совет и ги повикаа судиите да се ослободат од политичките притисоци. Новата влада на премиерот Христијан Мицкоски најави можност за распуштање на Судскиот совет, како и на Советот на јавни обвинители. Таквиот чекор, според евроамбасадор Гир „ќе предизвика сериозна загриженост во ЕУ“. 

„Распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, ќе значи мешање во независноста на судската власт и ќе биде прашање за сериозна загриженост. Исто и за идејата за раздвојување на Академијата за судии и обвинители“, рече Гир на Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет. 

Шокантно ниска доверба 

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева изјави дека реформите во таа институција веќе се во тек, посочувајќи дека од минатиот месец тој има двајца нови членови, додека до крајот на годината Советот ќе има уште тројца нови членови. Таа е против распуштање на Советот. 

„Работете ја работата што треба да ја работите“, им порача на судиите амбасадорката на САД, Анџела АгелерФотографија: Reg. Nordmazedonien

„Не ја поддржувам тезата на колективна одговорност, сепак мојот личен став е дека треба да има индивидуална одговорност и таа да биде точно детектирана и санкционирана", рече Дамева.

Според амбасадорката на САД, довербата во судството во земјата е шокантно ниска, а Судскиот совет е важно оружје потребно за вистинско трансформирање на правосудството во Северна Македонија.

„Работете ја работата што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок“, им порача Агелер на судиите.  

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми