1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЕвропа

ЕУ: Дополнителна воена помош за Украина од 500 милиони евра

СН/агенции
23 јануари 2023

Министрите за надворешни работи на ЕУ се договорија за дополнителна воена помош за Украина од половина милијарда евра. Варшава планира официјално да побара дозвола од Берлин да испорача тенкови „Леопард“ во Украина.

Натамошни половина милијарда евра помош за војската на Украина од Европската унија
Натамошни половина милијарда евра помош за војската на Украина од Европската унијаФотографија: Arman Soldin/AFP

Европската унија денеска одобри дополнителна воена помош за Украина во износ од 500 милиони евра, во период во кој официјален Берлин се соочи со притисок да испорача тенкови „Леопард 2“ од германско производство во Киев.

Повикувајќи се на дипломатки извори во ЕУ, новинските агенции известуваат дека е одобрен пакет од 500 милиони евра воена помош заедно со дополнителни 45 милиони за „несмртоносна опрема“ за воена обука на ЕУ за Украина. 

Договорот за седмиот пакет помош беше одобрен на состанокот на 27-те министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, откако минатата недела не беше постигнат договор за испраќање тенкови „Леопард 2“ во Украина.

Министрите за надворешни работи на ЕУ разговарале и за 10-тиот пакет санкции против Русија, кој треба да биде усвоен пред годишнината од рускиот напад на 24 февруари. Според дипломатите, се планира ограничување на цената на дизелот и другите нафтени деривати. За ова е потребна едногласна одлука на земјите-членки.

Оосбено барани: германските тенкови од типот „Леопард 2“Фотографија: Philipp Schulze/dpa/picture-alliance

Во имеѓувреме има и раздвижување во дебатата за испорака на борбени тенкови „Леопард 2“ во Украина: Полска официјално ќе побара од германската влада дозвола за испорака на тенковите  во Украина. Ова го изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Моравјецки не наведе точен датум за барањето.

Германските тенкови „Леопард“, кои ги користат армиите ширум Европа, се сметаат за најпогодни за Украина, но Берлин сѐ уште нема донесено одлука за испраќање на тенковите во Киев.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми