1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ одобри 6 милијарди евра за Западен Балкан

ЕМФ | АП
7 мај 2024

Советот на Европската унија одобри план мерки тежок 6 милијарди евра за поддршка на државите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ.

знаме на ЕУ монети евро
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Ohlenschläger

Советот на Европската унија одобри план мерки тежок 6 милијарди евра за поддршка на државите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ. Мерките би требало да им помогнат во нивните реформски напори и економски развој.

Советот на ЕУ соопшти дека планот, кој се однесува на париодот 2024-2027 година, се состои од грантови во износ од 2 милијарди евра, како и кредити во износ од 4 милијарди евра. Помошта ќе зависи од реформите кои треба да ги подготват економиите на западнобалканските држави согласно прописите на ЕУ. „Со планот ќе се даде поддршка на низа социо-економски и фундаментални реформи, вклучувајќи реформи поврзани со владеењето на правото и фундаменталните права“, соопшти Советот.

Шесте земји од регионот - Северна Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија се во различни фази од својот пат кон ЕУ, а нивните граѓани се фрустрирани поради бавното темпо на процесот.

Шесте земји ветија дека ќе ги приспособат царинските прописи и ќе создадат заеднички гранични премини како земјите членки на ЕУ. Тие исто така поставија цели за отворање центри за истражување и развој за индустријата, како и инсталирање бесплатен интернет на јавни места.

Советот на ЕУ соопшти дека предуслов за Србија и Косово за примање на помошта е нивен „конструктивен ангажман со мерлив напредок и видливи резултати во нормализацијата на нивните односи“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми