1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КорупцијаЕвропа

Скандалот во ЕУ откри дупки во правилата за лобирање

Џек Перок
17 декември 2022

Што го предизвика корупцискиот скандал што го тресе Брисел? Зошто на членовите на ЕК им е дозволено да се среќаваат само со „регистрирани лобисти“, а пратениците во Европскиот парламент не мора да го почитуваат ова?

Ева Каили
Потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили и катарскиот министер за труд Али бин Самик Ал Мари во октомври 2022 годинаФотографија: Twitter/Ministry of Labour/REUTERS

Поранешната потпретседател на Европскиот парламент, Ева Каили е една од четирите лица во притвор, обвинети од белгиското обвинителство за „учество во криминална организација, перење пари и корупција“. Таа беше исклучена од партијата и лишена од потпретседателската функција откако бешеобвинета за примање мито од Катар . 

Жестоките говори за заливската земја што таа ги одржа во Европскиот парламент, гласањето во полза на досиејата поврзани со Катар во комисии во кои таа не седеше и присуството на бројни настани во Катар, се наводните врски меѓу Ева Каили и Доха. 

Во соопштението објавено на интернет, мисијата на Катар во ЕУ ги нарече обвинувањата „неосновани“, велејќи дека тие се „сериозна дезинформација“.

И додека официјалните детали за обемот и длабочината на полициската истрага во Белгија се оскудни, активностите на членовите на Европскиот парламент и другите тела на ЕУ сега ќе бидат под зголемена контрола. Во исто време, експертите на ЕУ се прашуваат дали постоечките антикорупциски мерки се доволни.

„Кога станува збор за толку сложено креирање политики, како што е случајот во ЕУ, тоа во еден момент станува непроѕирно и ја олеснува можноста за купување влијание“, изјави за ДВ Јакоб Киркегард од германскиот Маршалов фонд. „Можете да ја купите потпретседателката на Европскиот парламент за 600.000 евра! Дали таквите политичари навистина се толку евтини?“, се прашува Киркегард. „Ова е очигледно жена која не се плашела дека ќе биде фатена. Тоа укажува дека сите процеси и мерки со кои располага Европскиот парламент немаат застрашувачки ефект“, вели тој. „Дури и глупавите луѓе не би го направиле тоа, затоа што се плашат“. 

Мерки за транспарентност 

Па кои се мерките кои се во сила во ЕУ? Постои база на податоци каде што мора да се регистрираат невладини организации (НВО), лоби групи, консултанти, добротворни и други организации кои сакаат да влијаат врз донесувањето одлуки и законодавството. Сите наведени во „Регистарот за транспарентност“ мора да ги пријават своите буџети и сите донации над 10.000 евра кога станува збор за невладиниот сектор.

Интересно е што во тој регистар ја нема невладината „Борба против неказнивоста , која е во центарот на актуелниот корупциски скандал. Нејзиниот претседател, поранешниот италијански пратеник во Европскиот парламент, Пјер Антонио Панцери, е во притвор. Таму работи и партнерот на Ева Каили, Франческо Џорџи. Организацијата дели канцеларија и со италијанската непрофитна организација „Нема мир без правда“ , чиј директор исто така беше уапсен во врска со овој случај.

„Со такви дупки во системот, ова мораше да се случи“, изјави за ДВ Пол Варакас, претседател на Здружението на професионалци за европски прашања (СЕАП) , кое им помага на лобистите да се пријават во Регистарот за транспарентност.

Ева Каили моментално е во притворФотографија: EP/REUTERS

Во 2021 година, Европскиот парламент одби да го примени принципот на „строга условеност“ во „Регистарот за транспарентност“, кој би ги принудил членовите на парламентот да се среќаваат само со регистрирани лобисти. Високите функционери во Европската комисија, извршното тело на ЕУ, веќе работат според овој принцип и дозволено им е да се состануваат само со лобисти наведени во регистарот. Сепак, европратениците тврдеа дека тоа „ќе ја наруши нивната слобода на дејствување во рамките на мандатот“ и го отфрлија правилото, кое би ги принудило да ги објават сите состаноци и да ги наведат имињата на сите оние групи и организации со кои се сретнале.

„Така го направија тоа во организацијата Борба против неказнивоста“, вели Варакас. „Значи имавте невладина организација која влијаеше на одлучувањето, но не беше должна да ги открива и покажува своите активности. Би биле повикани на разговор од пратеник во Европскиот парламент, кој не морал да се изјасни за тоа. Лесно им беше да дејствуваат“.

- повеќеКоруптивно-шпионски скандал во срцето на Европа

По скандалот, претседателот на Европската комисија го повтори повикот да се формира тело за етички прашања, кое ќе ги надгледува сите институции на ЕУ. „Имаме такво внатрешно тело со јасни правила во Европската комисија и мислам дека е време да започнеме разговор за да воспоставиме такво нешто во сите институции на ЕУ“, рече Урсула фон дер Лајен на прес-конференцијата во Брисел во понеделникот (12.12). 

Дипломатски имунитет 

Пратениците во Европскиот парламент уживаат и дипломатски имунитет, за да можат да ја извршуваат својата политичка работа без страв од кривично гонење. Според Протоколот на ЕУ за привилегии и имунитет, тие не можат да бидат „подложени на каква било форма на истрага, притвор или правен процес во однос на изразување мислење или гласање во рамките на нивните должности“.

Имунитетот, сепак, не важи „кога политичар е фатен на дело како сторил прекршок“ и тоа „не го спречува Европскиот парламент да го искористи своето право да го одземе имунитетот на некој од неговите членови“.

Доколку е потребно, пратениците во Европскиот парламент имаат право да побараат да им се потврди имунитетот, но прес-службата на Европскиот парламент соопшти дека Ева Каили не поднела такво барање. Обвинителите во Белгија, значи не побарале одземање на имунитетот.

„Ако нема барање за одземање на имунитетот, тоа сугерира дека судијата заклучил дека се исполнети критериумите за имунитетот веќе да не важи“, изјави во Стразбур портпаролот на Европскиот парламент Жаум Дух. Во минатото, барањата за имунитет беа поднесувани во врска со барањата за екстрадиција, но бидејќи овие кривични дела се извршени во Белгија, екстрадицијата нема да се применува во тој случај.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми