1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Од сите страни помош за борба против пожарите во Македонија

ДТЗ /МИА
2 август 2024

Германија и Шведска мобилизираа по два авионa од флотата на ЕУ намената за справување со пожарите, соопшти Европската комисија.

ер трактор
ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против пожарите во Македонија Фотографија: Petr Stojanovski/DW

По упатеното барање за помош од Северна Македонија, Германија и Шведска мобилизираа по два авионa од флотата на ЕУ намената за справување со пожарите – РескЕУ, а оваа помош беше надополнета со хеликоптер од флотата стационирана во Чешка и со по еден хеликоптер од Словенија и Србија, соопшти Европската комисија. 

„Како дел од постојаната борба против шумските пожари, веднаш реагираше Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Благодарен сум на земјите членки кои испратија помош, ова е солидарност на ЕУ во пракса“, изјави еврокомесарот за справување со кризи, Јанез Ленарчич. 

Дополнително, во земјата е распореден и офицер за врска од Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ со цел поддршка на македонските власти во координација на одговорот на пожарите. Покрај за Северна Македонија, механизмот за цивилна заштита на ЕУ изминативе денови беше активиран и за гаснење на шумските пожари во Бугарија и Албанија. 

Противпожарна флота

Со цел да помогне во справувањето со евентуалните пожари, Европската комисија во пресрет на летото формира флота од авиони и хеликоптери за гаснење пожари и ангажираше пожарникари спремни за итна реакции, кои се распоредени на неколку локации ширум Европа. Противпожарната флота на ЕУ се состои од 28 авиони и четири хеликоптери стационирани во 10 земји членки на ЕУ. Дополнително, 556 пожарникари од 12 земји се стратешки распоредени на клучните локации во Европа, во Франција, Грција, Португалија и Шпанија, кои се подготвени да реагираат во помош на локалните противпожарни единици во справувањето со огнените стихии. 

Активни шест пожари

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека се активни вкупно шест пожари на отворено и шумски пожари. 

Во Општина Демир Хисар гори на Илинска Планина, каде се гаси со пет противпожарни авиони – еден на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), два германски и два шведски.  Во Општина Македонски Брод гори кај селата Тажево и Брезница, каде огнот развил крак кон резерватот Јасен. Таму е упатен тим од Унгарија составен од 46 лица со специјални теренски возила и опрема, а заедно со нив ќе гаснат и 50 припадници на Армијата и 20 локални пожарникари.

Во Општина Пробиштип има два пожари - кај селата Зелениград и Јамиште, како и во атарот на селото Стрисовци. Пожарот во Општина Пласница е кај селото Латово, Македонски Брод. Гори трева, грмушки и нискостеблести растенија. Во гаснењето учествуваат локални пожарникари и тим од Национални Шуми. Има пожар и во Општина Пехчево кај селото Негрево. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми