1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаЕвропа

ЕУ: Прв закон во светот за вештачка интелегенција

СН | АРД
9 декември 2023

По долги и тешки преговори, преговарачите од Европарламентот и земјите од ЕУ се договорија за основните принципи на „Законот за вештачка интелигенција“- опишан како нешто меѓу лабавите правила во САД и строгите во Кина.

Апликација со вештачка интелигенција на смартфон
Апликација со вештачка интелигенција на смартфонФотографија: Pond5 Images/IMAGO

Во иднина во ЕУ ќе важат построги правила за употреба на вештачка интелигенција (ВИ). По долги преговори, преговарачите од Европскиот парламент и земјите од ЕУ во Брисел се договорија за „Актот за вештачка интелигенција“ (AI Act).
Според Европскиот парламент, ова е првиот закон во светот за вештачка интелигенција. Еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, го опиша договорот за порталот X како „историски. ЕУ ќе биде првиот континент кој ќе постави јасни правила за употреба на вештачка интелигенција“.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рече дека правната рамка ќе ја заштити безбедноста и основните права на луѓето и на компаниите. 
Двете страни во наредните денови ќе преговараат за детали кои би можеле да го променат обликот на финалниот закон. Европскиот парламент и земјите од ЕУ допрва треба да го одобрат Законот, но тоа се смета за формалност.

Заострени барања за апликациите со „висок ризик“

Правилата во овој закон имаат за цел, меѓу другото, да обезбедат квалитет на податоците кои се користат за развој на алгоритми и да обезбедат авторските права да не се прекршуваат при развојот на вештачката интелигенција.
Покрај тоа, програмерите мора јасно да наведат дека текстовите, сликите и звуците се создадени од вештачка интелигенција - врз основа на оваа технологија. Се зборуваше за некаков вид воден жиг.
За таканаречените „ризични“ апликации, за критичните инфраструктури, безбедносните органи и за управувањето со човечките ресурси - ќе важат построги правила. Во овие области е предвидена човечка контрола над вештачката интелигенција, техничката документација и системот за управување со ризици.
ЕУ се надева дека овие правила ќе бидат „копирани“ низ светот. Повеќето други земји досега главно носеа само прописи. Покрај тоа, „Законот за вештачка интелигенција“ може да послужи како модел за оние кои сметаат дека регулативите во оваа област САД се премногу лабави, а кинеските премногу рестриктивни.

Внимавајте на измами со вештачка интелигенција!

00:43

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми