1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ сo горна ценовна граница за руски нафтени продукти

ЕМФ | агенции
4 февруари 2023

Земјите на ЕУ постигнаа согласност за горна ценовна граница за руски нафтени продукти, се вели од шведското претседателство со Унијата. Таков договор имаат и Г7 и Австралија.

ЕУ со горна ценовна граница за руска нафта и нафтени деривани
ЕУ со горна ценовна граница за руска нафта и нафтени дериваниФотографија: Dmitry Lovetsky/AP Photo/picture alliance

Членките на Европската унија, според шведското претседателство со Унијата, се договориле за горна граница на цената за барел висококвалитетни руски нафтени продукти, како дизелот, од 100 долари и цена од 45 долари за поевтини нафтени продукти, како маслото за греење.

Одлуката за горна ценовна граница за руски нафтени продукти се носи на предлог на Европската комисија, а би требало да важи од утре (5.02). Според дипломатски извори, Полска и балтичките држави пледирале за пониска горна граница, што ги одолговлече преговорите за неколку дена.

Државите од Г7 и Австралија исто така постигнале согласност за горна ценовна граница, која, како што се вели, одговара на онаа од ЕУ.

На почетокот на декември ЕУ, Г7 и Австралија веќе воведоа горна граница за руска сурова нафта од 60 долари. Лимитот се спроведува така што на западните компании им е забранет транспорт на руска нафта, а од утре и нафтени продукти, како и осигурување на танкери доколку тие имаат цена над договорената горна граница.

Според проценката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дадена во четвртокот, постоечката горна ценовна граница за руска нафта веќе ја чини Москва околу 160 милиони евра дневно.

Русија со сенишна флота го заобиколува нафтеното ембарго

01:15

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми