1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалГерманија

ЕУРО 2024: Старт од соништата за домаќинот

Томас Клајн
15 јуни 2024

Во првиот натпревар на ЕУРО 2024, германската фудбалска репрезентација ја совлада Шкотска со резултат 5:1. Извонредни во убедливата победа беа стрелците на првите два гола: Флоријан Вирц и Џамал ​​Мусиала.

Германските репрезентативци петпати славеа на првиот натпревар на ЕУРО 2024
Германските репрезентативци петпати славеа на првиот натпревар на ЕУРО 2024Фотографија: Federico Gambarini/dpa/picture alliance

Селекторот Јулијан Нагелсман направи краток спринт, ги стегна тупаниците и гласно ја изрази својата радост. Флоријан Вирц штотуку го постигна водечкиот гол за германскиот тим, со што им донесе олеснување на играчите, навивачите и на селекторот. Низ арената во Минхен од трибините одекнуваа гласни извици за поддршка за Флоријан Вирц. Со 21 година и 42 дена, Виртц стана најмладиот стрелец на ЕП за германската фудбалска репрезентација, заменувајќи го на Каи Хаверц, кој беше речиси една година постар кога постигна гол на ЕУРО 2021 (22 години и 8 дена).

Само неколку минути по водството, Џамал ​​Мусиала со прекрасен гол го зголеми водството на 2:0 и стадионот еруптураше во славје. Мислам дека не можевме подобро да започнеме“, изјави Мусиала по натпреварот, „сакавме добро да го започнеме турнирот и успеавме“. Германските навивачи со скандирања и песни ја славеа играта на германскиот тим и во текот на вториот полувреме , радувајќи се на крајот на убедливата и совршена победа од 5:1 (3:0) на отворањето на Европското првенство.

Џамал Мусиала при постигнувањето на голот за 2:0 против Шкотска Фотографија: Sergei Grits/AP Photo/picture alliance

Фудбалските виртуози доминираа против Шкотска

Не е изненадување што двајцата офанзивни мајстори во германскиот тим ги пружија првите важни моменти на Европското првенство. „Уште во март реков дека нема многу граници за овие двајца“, ги пофали Тони Крос за двајцата фудбалски виртуози непосредно пред натпреварот. Победникот на Лигата на шампионите беше во право, бидејќи Мусиала и Вирц беа меѓу најдобрите играчи во инаку добриот германски тим во победата против Шкотска.

Овие двајца професионалци ја стекнаа потребната самодоверба за постојано да пружаат силни настапи на највисоко ниво во нивните  клубови. Вирц беше клучен играч на Бејер Леверкузен во освојувањето на титулата во германското првенство и на германскиот Куп сезонава. Мусиала, пак,  редовно е меѓу најдобрите играчи на Бајерн Минхен и веќе има играно 34 пати во Лигата на шампионите и 114 пати во Бундеслигата. Беше дел од репрезентацијата и на Европското првенство во 2021 година и на Светското првенство во Катар.

Домашното Европско првенство сега е првиот турнир на кој двајцата другари играат заедно. „Имам голема доверба во него дека ќе одигра добар турнир“, рече Мусиала за Вирц на пресконференција пред почетокот на првенството. „Не е лесно за Шкотска да покрие само еден од нас, бидејќи имаме многу квалитет на секоја позиција. Сите сакаме да се поддржуваме за да го постигнеме најдоброто за сите нас."

Џамал Мусиала и Флоријан Вирц го слават првиот гол на ЕУРО 2024Фотографија: Mika Volkmann/IMAGO

И двајцата ги поткрепија своите зборови со дела на натпреварот против Шкотска, постојано создавајќи им на противничките дефанзивци големи проблеми со нивните брзи промени на темпото и дриблинзите. „Кога ќе ја добијам топката, морам брзо да одлучам што ќе правам“, објасни Вирц пред натпреварот. Многу одлуки ги носи интуитивно, додаде играчот на Леверкузен. „За мене, а секако и за Фло,(Флоријан Вирц) важно е да имаме обезбедување одзади и да можеме да бидеме слободни да ги изведуваме нашите акции“, вели Мусиала.

Главни ѕвезди на ЕУРО 2024?

На првиот натпревар на ЕУРО 2024, Мусиала и Вирц покрај добрите офанзивни акции покажаа подготвеност да работат и во одбраната. Особено се истакна Вирц, кој често минуваше долги патеки наназад и освојуваше топки за својот тим. И на двајцата селекторот Нагелсман им ја дава потребната слобода за да го покажат својот квалитет. Нагелсман имаше посебни пофалби за Мусиала по последниот судиски свиреж и се радуваше за неговиот гол, откако пропушти неколку можности на Светското првенство во Катар.

Германија за првпат од 2016 година започна голем фудбалски турнир со победа . Благодарение на Мусиала и Вирц, кои би можеле да бидат меѓу доминантните играчи на домашното ЕУРО.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми