1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаРусија

Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа

БГ /АФП
23 август 2023

Сопственикот на платеничката војска Вагнер Евгениј Пригожин и човек кој во јуни годинава заедно со своите војници се одметна од командата на Владимир Путин, е меѓу загинатите во авионот кој се урна во близина на Москва.

Евгениј Пригожин
Евгениј ПригожинФотографија: PMC Wagner/Telegram/REUTERS

Деловен авион кој летал од Москва кон Санкт Петербург се урна во средата, при што загинаа сите 10 патници и членови на екипажот. Шефот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин бил на листата на патници, соопштија руските власти. 

Според непотврдени новинарски извештаи, авионот му припаѓал на Пригожин. 

Руската агенција Тасс, повикувајќи се на официјални извори соопшти дека во авионот се превезувале тројца пилоти и седум патници. Авионот се урнал на 100 километри северно од Москва. Причините за уривањето засега не се познати. Руските власти отворија истрага за настанот. 

По неуспешниот воен пуч, Пригожин и дел од неговите војници се префрлија во Белорусија. Групата Вагнер беше ударната тупаница на Русија во агресијата против Украина, а платеничките единици беа најзаслужните за освојувањето на градот Бахмут по долга опсада. 

Како Евгениј Пригожин стана милијардер?

01:57

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми