1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската агенда и уставните измени на менито во Тирана

ДТЗ
11 јануари 2023

Додека учесниците на средбата едногласно изјавија дека таа поминала во братска и релаксирачка атмосфера, ВМРО-ДПМНЕ стравува од нови штетни договори и спроведување на туѓи агенди.

Еди Рама
Средбата на лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија беше иницирана од премиерот на Албанија, Еди РамаФотографија: Nake Batev/AA/picture alliance

„Братска средба со релаксирачка атмосфера“ - вака ги оценија синоќешните разговори со албанскиот премиер Еди Рама лидерите на партиите од албанскиот блок од Северна Македонија, кои што ја прифатија поканата да заминат во Тирана.И додека тие со речиси идентични изјави тврдеа дека европската иднина на регионот е главната тема за која биле разменети мислења, ВМРО-ДПМНЕ во оваа средба гледа спроведување на туѓи агенди, опасност од појава на штетни договори и спас на владејачката структура. Опозицијата порача дека за клучни национални прашања треба да се разговара во македонското Собрание, откако дел од учесниците на средбата потврдија дека на маса биле ставени и дилемите околу уставните измени. 

„Пријатна и релаксирана атмосфера“ 

„Наздравје! Нека биде добра година за Албанците, каде и да се“, напиша албанскиот премиер Еди Рама синоќа на Фејсбук, објавувајќи фотографија од средбата со лидерите на албанските партии во Северна Македонија, на која им наздравува на своите гости.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за „Клан Македонија“ оцени дека средбата поминала во позитивен и братски дух и порача дека Северна Македонија и Албанија имаат заедничка иднина во Европската Унија, но и заеднички предизвици кои ги очекуваат двете земји во овој период. „Без Албанците нема Македонија“, вели Ахмети.

Тој го потенцираше заминувањето на младите од Северна Македонија и од Албанија во европските земји, а за ова да се спречи стандардите на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од ЕУ. Ахмети е дециден дека уставните измени нема да му наштетат на македонскиот идентитет, туку напротив ќе го зајакнат. 

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари оцени дека средбата повеќе наликувала на релаксирачка вечера за почетокот на годината, а на неа се разговарало за предизвиците кои ги очекуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Тој рече дека нема партија од албанскиот блок во Северна Македонија која е против интеграција на земјата во Европската Унија, односно дека партиите на Албанците ги поддржуваат уставните измени.  Слична изјава даде и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи кој рече дека средбата поминала со разговор во чиј фокус била заедничката иднина на двете земји во ЕУ.

„Братска средба. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската Унија, а не за нешто поконкретно“, рече Тачи.  

Братска средба со релаксирачна атмосфера во ТиранаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Касами сака одвоена средба 

Средбата на лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија беше иницирана од премиерот на Албанија, Еди Рама. Покана за средбата добиле лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, првиот човек на Беса, Билал Касами, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, како и лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи. Во Тирана заминаа сите, освен Касами, кој претходно порача дека не сака да седне на иста маса со Ахмети, но дека ќе оди на одвоена средба со Рама. 

„Артан Груби, но и Али Ахмети секогаш кога остануваат на раскрсница затоа што не знаат како да се справат со создадената ситуација во Владата, бараат помош од Еди Рама, односно го користат албанскиот премиер да им помогне да излезат од кризата“, оцени Беса. Според нив, и овојпат Артан Груби и Али Ахмети, не знаејќи како да се снајдат во оваа политичка ситуација создадена во Северна Македонија, наводно иницирале средба со албанскиот премиер, уште еднаш користејќи го него и неговиот авторитет за да ги извлечат од кал каде што се заглавени две децении. Тие критикуваат дека пред шест години присуствувале на состанокот на Еди Рама, каде што ветиле дека ќе се спроведат некои точки кои се од интерес за Албанците во Северна Македонија, но додаваат дека овој договор останал во Албанија и никогаш не ја видел светлината на денот.

Тиранската средба нема да ги спаси

ВМРО-ДПМНЕ со сомнеж гледа во тиранската средба. „Никакви средби, и спроведување на туѓи агенди нема да го спасат од катастрофален пораз Димитар Ковачевски и СДС на следните предвремени парламентарни избори. Целосниот молк од страна на СДС за средбата во Тирана, е само уште еден доказ дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера“, велат од партијата. Според нив, оваа средба е токму на барање на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија.

„СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана на маса ќе добијат повторно штетни договори, кои за спас на своите кариери беспоговорно ќе ги прифатат? Државните прашања и националните интереси, како и одлуките за државата се носат во Македонија и македонското Собрание“, велат од партијата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми