1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураАвстрија

Трите европски престолнини на културата во 2024

Бетина Бауман
2 јануари 2024

И во 2024 година ќе има три европски престолнини на културата: Боде во Норвешка, Тарту во Естонија и Бад Ишгл во Австрија. Секој град го одбележува тоа на сопствен начин, а ова се дел од планираните настани.

Европската престолнина на културата Тарту 2024 година
Европската престолнина на културата Тарту 2024 годинаФотографија: Alexander Welscher/dpa/picture alliance

Бад Ишгл е позната туристичка дестинација во Австрија, живописно алпско гратче во близина на Салцбург, каде некогашните австриски благородници оделе на одмор.

Туризмот и денешниот наплив на туристи е еден од мотивите за голем дел од 300-те културни проекти предивидени во програмата на на Бад Ишгл како Европска престолнина на културата и кои ќе бидат организирани заедно со 22 околни места кои беа вклучени во Светското културно наследство во 1997 година.

Како што објаснува тамошната кураторка на програмата, Елизабет Швегер, целта е „да се осветлат позитивните и негативните страни на целиот регион, а не само се организира огномет или некаков фестивал“.

Но, сепак мора да има спектакл: на отворањето на 20 јануари ќе настапи Том Нојвирт - многу попознат како победничка на Евровизија, под името Кончита Вурст, кој потекнува од тој регион, заедно со рапери и хор јодлери со илјада учесници.

Халштат, место од бајките во регионот околу Бад ИшглФотографија: W. Geiersperger/Helga Lade Fotoagentur/picture alliance

„Белото злато на регионот“

Друг важен мотив за културните настани, освен прекрасниот пејсаж, беше и причината и за богатството на таа област и за поплавата од туристи, и поради што впрочем Салцбург го има добиено своето име - имено ноаѓалиштата на сол.

„Од солта изникнавме, од солта се збогативме и со неа одиме во иднината“, резимира Швегер. „Сега е време да се додаде уште еден елемент по потреба: културата, таа е моторот за соживот“.

Своето видување за експлоатацијата на солта во областа ќе го претстави и кинескиот уметник Аи Веивеи, а се организира и посебен настан за злоупотребата на рудниците за сол таму за време на нацистичката ера - имено нацистите таму се обиделе да ги сокријат уметничките дела што ги украле низ цела Европа.

Лулка на Естонија

Иако е многу поголем, Тарту на истокот на Естонија не е толку познат. Всушност, со своите сто илјади жители, тој е втор по големина град во државата. Тарту е древен универзитетски град кој припаѓал на здружението на трговските градови на Ханзата во раниот среден век.

„Тарту отсекогаш бил центар на науката, образованието и на културата во Естонија“, се фали градоначалникот Урмар Клас.

Тој е еден од најстарите градови на целиот Балтик, а таму била и лулката на естонската национална свест, родното место на фестивалот на естонски песни, лулка на естонскиот театар и, всушност, на целата земја.

Таму, во февруари 1920 година, е потпишан мировниот договор со Советскиот Сојуз - во кој комунистите од Москва го признаа суверенитетот на Естонија, кој е создаден дури во 1918 година.

Споменик на естонскиот новинар и поет Јохан Волдемар Јансен во ТартуФотографија: Alexander Welscher/dpa/picture alliance

Но, како и во многу други договори со Кремљ, таа независност не траела долго, така што, сосема соодветно за таа балтичка земја, главниот мотив на манифестацијата е „уметноста на преживување“.

Отворањето ќе биде на 26 јануари со специјално компонирана химна на Тарту како „град на млада крв“.

Сепак, во „уметноста на преживување“ и таму најважно беше да се биде духовит: на лето ќе се одржи манифестацијата за масовно бакнување „Бакнување на Тарту“ и „Гола вистина“ - фестивал на полемики во сауна - премиерно ќе се одржи и претставата „Бизнис како и обично“ за скандалот со перење пари на Данската банка во Естонија.

Во август ќе се одржи и „Тарту прајд“ - од оваа нова година истополовите бракови се законски дозволени и во Естонија.

Поларна Европа

Третата културна престолнина на Европа, норвешкиот Боде, е посебен поради најмалку две причини: се наоѓа на север по должината на западниот брег на Норвешка и со тоа ќе биде првата престолнина која се наоѓа над Арктичкиот круг.

Друга карактеристика е областа каде што ќе се одржат повеќе од илјада манифестации: тие ќе бидат низ огромниот регион Нордланд, кој се протега на околу 800 километри.

Боде е најсеверната културна престолнина на Европа досегаФотографија: picture alliance/dpa/Bodo2024

И таму, неверојатната убавина на арктичката природа е една од главните атракции за кои организаторите се надеваат дека ќе привлече половина милион посетители во 2024 година. Затоа и односот кон природата и одржливоста е еден од главните мотиви и Боде сака да биде „најодржливата“ културна престолнина досега.

„Bodø2024" е најголемиот културен настан кој некогаш бил организиран во тој дел на Норвешка. Така, културата на Сами, домородно население во областа, ќе има посебно место, но тоа е исто и култура на денешницата.

Така, веќе на отварањето на 3 февруари ќе се приреди спектакл на пловечка сцена во пристаништето на Боде, а посебна манифестација ќе се одржи на 22 јуни, на денот кој нема ноќ толку далеку на север.

Специјални манифестации на светла ќе бидат организирани наредните ноември и декември, кога сонцето речиси воопшто не изгрева.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми