1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

ФБИ застрела човек откако му се заканувал на Бајден

ЕМФ / дпа
10 август 2023

Американската сојузна полиција ФБИ убила човек во Јута кој се заканувал непосредно пред посетата на претседателот Џо Бајден во оваа сојузна држава.

САД | ФБИ застрела човек откако му се заканувал на Бајден
ФБИ застрела човек откако му се заканувал на БајденФотографија: Chris Samuels/The Salt Lake Tribune/AP/dpa/picture alliance

Пред посетата на претседателот Џо Бајден на американската сојузна држава Јута, агенти на ФБИ застрелаа вооружен маж кој наводно се заканувал дека ќе го убие претседателот на САД. Специјалните агенти во средата наутро по локално време (9.08) се обиделе да му врачат налог за апсење на човекот од Прово, јужно од Солт Лејк Сити, кога дошло до пукање, соопшти федералната полиција.

Осомничениот во понеделникот на интернет напишал дека слушнал оти Бајден доаѓа во Јута и дека сега сака да почне да ја „брише прашината“ од својата снајперска пушка М24. Според судски документи, тоа не била негова прва закана кон Бајден. Тој им се заканувал и на потпретседателката Камала Харис и други државни функционери.

Иследници на местото на инцидентот, откако ФБИ застрела човек по негови закани кон БајденФотографија: Laura Seitz/The Deseret News/AP/dpa/picture alliance

Американскиот претседател Бајден денеска треба да ја посети болницата за ветерани во Солт Лејк Сити. Таму тој треба да зборува за ПАЦТ-законот, со кој се прошируваат услугите за ветераните. Тој, исто така, планира акција на собирање средства за неговата кампања за реизбор во 2024 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми