1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ФДП: Само кревет, сапун и леб за одбиените баратели на азил

ЖА
7 октомври 2024

ФДП сака да спроведе уште построг курс во миграциската политика со план од девет точки. Кристијан Дир парламентарната група на ФДП изјави дека „веќе не треба да постои никаков поттик“ за останување во Германија.

Прифатилиште за бегалци на поранешниот аеродром Темпелхоф во Берлин
Прифатилиште за бегалци на поранешниот аеродром Темпелхоф во БерлинФотографија: Jochen Eckel/IMAGO

Пратеничката група на ФДП во Бундестагот го зголемува притисокот врз коалициски партнер и бара Зелените да заземат поостар курс во миграциската политика. Извршниот комитет на парламентарната група на викендот изгласа план од девет точки „за  пресврт на планот на миграцијата“.  Како основа служат предлозите од сојузните покраини каде владеат коалиции на Унијата и Зелените за понатамошна реформа на системот за азил, кои тие ги претставија во Бундесратот на крајот на септември. Пратеничката група на ФДП бара и намалување на бенефициите за одредени баратели на азил.

На Германија и треба „нова реалполитика“ во миграцијата, се вели во документот на ФДП. Прашањето не треба да се остави на политичките маргини. Нередовната и неконтролирана миграција во Германија е „сè уште превисока“.

Предлозите од „црно-зелените" покраини Баден-Виртемберг, Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн вклучуваат проширување на безбедните земји на потекло. Документот на ФДП ги именува во тој контекст државите од Магреб Тунис, Алжир и Мароко, како и Индија, Колумбија и Ерменија. Натамошно ФДП предлага  построг закон за депортирање  или сојузната полиција да може побрзо да приведува луѓе кои треба да ја напуштат земјата.

„На покраинско ниво, првите Зелени го отвораат патот за централно заострување на политиката за азил, на што ФДП инсистира долго време“, изјави лидерот на парламентарната група на ФДП, Кристијан Дир за „Билд ам Зонтаг“. Ова е можност за  „вистински пресврт во поглед на миграцијата“, сега на ред се Зелените во сојузната влада, истакнува Дир.

Пратеничката група на ФДП сака одбиените баратели на азил кои треба да ја напуштат Германија да добијат значително помала поддршка. „Во иднина, бенефициите за сите  баратели на азил кои се обврзани да ја напуштат земјата треба да се сведат на минимум  кревет-сапун-леб“,   рече Дир за „Бамс“. „На овој начин осигуруваме дека повеќе нема да постои никаков поттик за останување“. Сите други социјални бенефиции треба да се укинат, освен џепарлак.

Пратеничката група на ФДП, исто така, сака дислоцирање на што повеќе процедури за азил во трети земји. Досега важи правилото дека некој мора да има врска со одредената трета земја, но ФДП сака тоа да го укине.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми