1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филипче: Кредитот на Мицкоски е политичко заложништво

БГ
12 јули 2024

Кредитот кој премиерот Христијан Мицкоски го зема од унгарскиот Виктор Орбан е форма на политичко заложништво, вели претседателот на СДСМ Венко Филипче во изјава за ДВ

Венко Филипче
Венко Филипче: Мицкоски не води во политичко заложништво на ОрбанФотографија: SDSM

Новоизбраниот лидер на СДСМ, Венко Филипче е загрижен дека потезите на премиерот Христијан Мицкоски ја водат земјата кон политичко заложништво во однос на Унгарија и вели дека стравува дека Мицкоски сака да го имплементира системот на Виктор Орбан во Македонија.

Мицкоски во четвртокот соопшти дека со унгарскиот премиер Виктор Орбан договорил државен заем од 500 милиони евра со камата од 3,25 проценти, три години грејс период и 12 години рок на отплата.

Филипче за ДВ вели дека е загрижен поради ваквиот чекор на премиерот.

„Јас сум навистина загрижен дека станува збор за една форма на политичко заложништво кон Унгарија и директно од Виктор Орбан. Очигледно е дека тој сака да стане патрон на Христијан Мицкоски. Да потсетам дека неговата партија е исфрлена од европското семејство ЕПП и сега таа партија од Унгарија соработува со партиите на радикалната десница. Стравувам дека под диктат на Виктор Орбан такви политики Христијан Мицкоски ќе почне да имплементира тука кај нас“, вели Филипче. 

Виктор Орбан и Христијан Мицкоски во ВашингтонФотографија: Regierung Nordmazedonien

Лидерот на СДСМ вели дека кредитот не е поволен ниту од економски аспект, и наведува дека владата на неговата партија му дала кредит на стопанството од 150 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој, со каматна стапка од само 1,6%.

„Во споредба со овој којшто се нуди со каматна стапка од над 3% и очигледно некои скриени трошоци кои допрва ќе излезат на виделина. Во таа смисла очигледно е дека не станува збор за некаков економски бенефит туку за политичка одлука“, вели Филипче. 

„Дипломатски дебакл во Вашингтон“  

За настапот на македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, Филипче вели дека бил „еден голем дипломатски дебакл."

„Нашата делегација немаше средба на виско ниво со ниту еден од претставниците на нашите стратешки партнери, САД, Германија, Франција, Велика Британија, се што видовме беа само протоколарни снимки и некои селфиња правени по ходници.

Сметам дека нашата делегација таму беше изолирана. Таа изолација е дополнително ризична имајќи предвид дека се отвораат нови жаришта, тука, дома, кон соседите. Повторно се отвора веќе затвореното прашање со Грција, понатаму, ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе се бори за подобрување на нашата положба со Бугарија, а тоа не само што не се случува туку повеќе од јасни се дека од нивните позиции нема да остапат. Што значи дека се соочуваме со една изолација којашто може да биде поопасна од таа што беше во 2016 година, со кризи, со две соседни земји, членки на ЕУ и една политичка зависност, ризик од политички диктат од земја којашто очигледно во последно време е свртена кон истокот,“ вели Филипче. 

Погледнете го видеото од изјавата на Филипче: 

Филипче: Кредитот на Мицкоски е политичко заложништво

03:18

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми