1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филипче: Тешка економска година пред Македонија

26 декември 2025

Филипче тврди дека нападите врз СДСМ се дел од организиран проект финансиран од ВМРО-ДПМНЕ, активиран преку поранешни функционери.

Венко Филипче, лидер на СДСМ 13.02.2025
Венко Филипче на брифинг зборува за економските предизвици во 2026, буџетските задолжувања и политичките случувања во земјатаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Сериозни економски прогнози за 2026

„Сметам дека оваа година беше тешка за граѓаните, но 2026-та ќе биде уште потешка. Ќе има сериозна криза и пораст на сиромаштијата,“ изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на брифинг со новинарите.

Според него, следната година ќе биде обележана со задолжување од најмалку дополнителни 2 милијарди евра, кои ќе се користат за тековни трошоци, а не за капитални инвестиции.

„Вкупната сума за капитални инвестиции е намалена во буџетот за 2026. Се соочуваме со проблеми во собирањето и реализацијата на приходите – ќе недостигаат околу 600 милиони евра. Ако се додаде долгот кон стопанството и повратот на ДДВ, недостасуваат околу милијарда евра“, нагласи Филипче.

Филипче обвини дека власта прави обиди за уривање на СДСМ одвнатреФотографија: Petr Stojanovski/DW

Инфлација и пад на инвестиции

Филипче предупреди дека инфлацијата тешко ќе се контролира, а со поскапувањето на струјата ќе растат и цените на основните производи.

„Ако прогнозата за раст на БДП е 3,7-3,8%, а две третини од него е лична потрошувачка, граѓаните ќе трошат повеќе за исто или помалку. Странските инвестиции веќе немаат раст, а прашање е колку ќе заминат од земјава“, рече тој.

Според него, реализацијата на капиталните инвестиции паднала под 50%, додека во време на СДСМ била 80-90%. „Нема ништо што ќе го зголеми растот или продуктивноста“, додаде Филипче.

Внатрешни состојби во СДСМ

Филипче обвини дека власта прави обиди за уривање на СДСМ одвнатре. „Токму кога почнавме да ги откриваме коруптивните зделки, ВМРО-ДПМНЕ спроведува организирана акција за рушење на партијата“, изјави тој.

Според него, станува збор за синхронизирана акција, активирана во момент кога СДСМ отвора сериозни прашања за криминал и корупција. „Наши поранешни функционери, некои заминати во ЗНАМ, сега се активираат и се гласни на социјалните мрежи“, рече Филипче.

Тој посочи на директната поврзаност на актуелната власт со СНС во Србија. „Очигледна е соработката со српската власт на Александар Вучиќ. Премиерот Мицкоски го имитира Вучиќ – во движењата, изјавите и концептите на политиката“, нагласи тој.

Според него, моделот на владеење од Србија се пресликува и кај нас: „Еден човек ја претставува целата политика, а другите ги извршуваат неговите наредби“.

Филипче предупреди дека ваквата политика води кон намерна изолација од ЕУ, што служи како алиби за прикривање на криминалот. „Очигледно е дека барањата кон ЕУ се невозможни, што го потврдија и европските лидери“, рече тој.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми