1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ се жали на притисоци пред вториот круг на изборите

ДТЗ
31 октомври 2025

„Нека ми се јават - ќе провериме“ - порача Христијан Мицкоски откако опозицијата излезе со тврдење дека нејзини кандидати се изложени на притисоци пред вториот круг. Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ ова се најфер избори

Венко Филипче претседател на СДСМ
СДСМ се жали на притисоци пред вториот круг на изборитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во пресрет на вториот круг од локалните избори во недела - 2 ноември, се пожали на притисоци и заплашувања. Тој на прес-конференција во Скопје рече дека нивни кандидати за градоначалници се соочиле со притисоци, заплашувања и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

„И за време на периодот во првиот круг и во изминатите две недели сведоци сме на континуирани притисоци и врз нашите кандидати, членовите на тимовите, од страна на полицијата, единиците за брзо распоредување, од службите за социјална работа, од единиците на Управата за јавни приходи. Тоа го детектиравме во буквално сите општини посебно засилено во 17 општини во очи на вториот круг“,рече Филипче.

Локални избори во МакедонијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Според него, карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш кога се на власт да го злоупотребуваат државниот апарат и да се обидуваат и да спроведуваат поткуп кај граѓаните. Тој ги повика членовите и граѓаните во општините каде што партијата нема кандидати, да гласаат по сопствено убедување и вредностите.

„Нека се јават - ќе провериме“’

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрла обвинувањата за притисоци врз кандидатите на опозицијата. Вели дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија.

„Тоа што одделни политичари имаат проблем со Фројд па совеста работи, и мислат дека тоа што тие би го правеле и го проектираат на политичкиот противник е така, мислам дека тој начин на однесување не е добар и мислам дека тоа не носи поени“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на новинарско прашање за обвинувањата на Филипче дека власта вршела притисоци врз нивни кандидати за градоначалници.

Мицкоски вели дека и граѓаните се сведоци дека такво нешто не само што не постои туку „тоа е надвор од неговата лична филозофија и ако имаат индиции да пријават да се провери“.

„Нека ми се јават - ќе провериме“ - порача Христијан Мицкоски откако опозицијата излезе со тврдење дека имаат притисоциФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Доколку имаат каков било индикатор дека тоа се случува, мојот телефон го знаат слободно нека ми се јават да пријават да провериме дали е тоа така, но јас одговорно тврдам дека не само што нема, туку овие локални избори поминаа во најмирна и најдемократска атмосфера и очекувам така да помине и гласањето в недела“, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми