1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фолксваген во криза - да живее носталгијата!

Астрид Пранге
2 декември 2024

Дали тој и понатаму ќе вози и вози? Во време на штрајкови и криза, повторно оживуваат носталгични чувства за VW и неговите бестселери: Буба, Були и Голф. Тие го создадоа германското економско чудо и обликуваа генерации.

Фолксваген
Во август 1955 година, фабриката на Фолксваген во Волфсбург ја произведе милионитата БубаФотографија: Herold/dpa/picture-alliance

Дали Фолксваген е само уште еден обичен германски автомобилски концерн? И дали неговите автомобили се обични автомобили? За генерации Германци, одговорот на ова прашање е сосема јасен: „Не, ова не се обични автомобили“. 

Марката Фолксваген е втисната во колективната ДНК на Германија со генерации. Без разлика дали станува збор за модели како Буби, транспортерот Були, Голф , Кеди или Пасат, моделите на Фолксваген предизвикуваат спомени и емоции кај многу Германци родени пред 1990 година.

Сопствениците на Буба со децении редовно се среќаваат секој 1 мај во ХановерФотографија: Imago Images/Rust

И баба вози голф

Затоа што некако сите во Германија барем еднаш возеле некој од моделите на VW - од хипици до баби и семејства, од брзи возачи до полицајци и пожарникари.

За многу Германци, остана во сеќавањето возењето преку Алпите во Буба, кога уште немаше тунел под Готард, или одењето на Корзика со пријателите со транспортер на VW. Со Кеди, кој до почетокот на војната во 1992 година беше склопуван во заедничкото претпријатие на VW во Сараево, беше можно да се организира преселба, бидејќи креветот, гардеробата или масата лесно можеа да се сместат во багажникот.

[No title]

03:26

This browser does not support the video element.

Произведено во Волфсбург, произведено во Германија

Овој носталгичен поглед кон минатото останува забележан, особено во актуелната криза. Засекогаш се врежа во германската колективна меморија. Успешната приказна на моделите како Буба, Були, Голф и други не е само приказна за Фолксваген, туку го одразува и германското економско закрепнување по Втората светска војна. Таа го симболизира духот на германското економско чудо.

„Фолксваген е повеќе од само обична автомобилска марка. Исто така, на Германците им дава чувство на сигурност“, пишува авторот Јан Гросарт во весникот Ди Велт. „VW е симбол на исконска доверба во германскиот бизнис модел“.

Буба: од народен до култен автомобил

Успешната приказна на VW започна со Буба. Ова возило, чие производство беше поттикнато од Адолф Хитлер во 1935 година , беше преименувано по Втората светска војна во Фолксваген - преведено како „народен автомобил“, „Бубата“ брзо стана продажен хит и на крајот - без оглед на нацистичка историја на неговото потекло - доби култен статус во светот. Веќе во декември 1945 година, првата повоена Буба излезе од производната линија.

Десет години подоцна, веќе се продадени милион примероци. Во 1960-тите, името "Käfer" (Буба) стана официјално, а автомобилот ги освои пазарите ширум светот - во САД , Бразил, Мексико и Кина. Вкупно беа продадени речиси 22 милиони Буби. Последната Буба излезе од фабриката во Мексико на 30 јули 2003 година.

Транспортер Були како симбол на германската нација

Сепак, не беше само Буба таа која, како што вели познатата реклама од 1968 година, „вози, вози и вози“. Автомобилскиот експерт Кристоф Бауер го опишува транспортерот „Були“ како „најпријателското лице во автомобилската историја“ и објаснува: „Тоа е магаре за влечење и носење товар, подвижен дом, противпожарно возило, такси, брза помош и еден вид лајфстајл возило. Практично нема ништо што тоа не може да направи“.

Технички гледано, малиот транспортер Т1 е базиран на Буба. Првично беше наменет за занаетчии и мајстори, на кои им требаше возило за транспорт на алат и материјали. Помеѓу 1950 и 1967 година, 1,8 милиони од овие транспортери на VW беа продадени во Германија.

Були е популарен денес како олдтајмерФотографија: picture-alliance/H. Dittrich

Голф: „Хармонија што може да се почувствува“

Следниот чекор во успешната приказна на VW, а со тоа и на брендот „Made in Germany“, беше доаѓањето на Голф во 1974 година. Сега е на пазарот осмата генерација на ова возило. Со над 35 милиони продадени примероци, Голф е еден од најпродаваните модели на автомобили во светот. Со него израснаа цели генерации. Писателот Флоријан Илис ја нарече генерацијата која порасна со ова VW-возило „Голф-генерација“, слична на американската X-генерација.

Голфот беше успешен и на светскиот пазар: моделот се произведуваше во Бразил, Јужна Африка, Кина, САД, како и во сараевскиот ТАС и беше прилагоден според специфичните потреби на секој пазар. За Јан Линенкамп, претседател на Здружението на ентузијасти за голф 1, тоа е „автомобил без класни поделби“ „Бидејќи со Голф на работа доаѓаа како шефови на клиниките, така и секретарките, а поштарите ја разнесуваа поштата“, објаснува Линенкамп.

Економско чудо во опасност?

Но, што се случува со VW сега? Дали ова економско чудо е во опасност? Дали концернот Фолксваген стана жртва на сопствениот успех? И дали Германија, која има удел во VW преку сојузната покраина Долна Саксонија, ќе остане со Волфсбург?

Иако сè уште не е јасно дали и како концернот ќе излезе од актуелната криза , едно е сигурно: иднината на VW не е само прашање на носталгични чувства, туку и политичко прашање. 

Дефинитивен крај за „бубачката“

01:06

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми