1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патоказ на Фон дер Лајен за економски силна ЕУ

СН/дв | агенции
11 февруари 2026

Европската Унија мора да ги „урне бариерите“ ако сака да стане вистински глобален економски гигант, порача претседателката на Европската комисија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен говори на пресконференција. Зад неа се гледаат златните ѕвезди на темно сина подлога од знамето на ЕУ
Урсула фон дер Лајен повика на создавање на „еден голем и ликвиден пазар на капитал“ во Европската УнијаФотографија: Frederick Florin/AFP/Getty Images

ЕУ мора да ги поедностави своите пазари на капитал и регулативи за да ја намали фрагментацијата и да ја зајакне конкурентноста на Унијата, изјави денеска во обраќање во Европскиот парламент претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„На нашите компании им е потребен капитал сега. Затоа, да го завршиме тоа годинава“, нагласи таа. „Мораме да напредуваме — на еден или на друг начин — за да ги отстраниме бариерите што нè спречуваат да бидеме вистински глобален гигант“.

Фон дер Лајен го опиша сегашниот систем во ЕУ како „фрагментација на стероиди“ и повика на „еден голем, длабок и ликвиден пазар на капитал“.

„Дозволете ми повторно да ги земам САД како пример: еден финансиски систем, еден финансиски центар и неколку други финансиски центри“, рече таа, додавајќи дека ЕУ не само што има 27 различни финансиски системи, туку и повеќе од 300 платформи за тргување.

Што предлага Европската комисија?

ЕУ го идентификуваше клучниот проблем, чие решение би можело да ја зголеми конкурентноста на Унијата. За разлика од американските, европските компании имаат тешкотии да дојдат со капитал потребен за раст и експанзија.

Европската комисија предлага ускладување на националните правила со цел да се создаде унија за штедење и инвестиции. Меѓутоа, ускладувањето на финансиските правила во Европа се покажа како предизвик и во минатото. 

Кои американски брендови ги бојкотираат Европејците?

00:44

This browser does not support the video element.

Фон дер Лајен ги повика европратениците брзо да напредуваат, нагласувајќи дека ќе оди напред со законодавството дури и ако сите земји членки не се подготвени да ги променат своите национални правила. Доколку не е можен договор, ЕУ треба да размисли за „зголемена соработка“ меѓу државите што сакаат да учествуваат, рече таа.

Повик да се купува европско

Еден од најзначајните - и најконтроверзните - предлози за зајакнување на економијата на ЕУ е да им се даде предност на европските компании во однос на странските конкуренти во „стратешките“ сектори, план кој го поддржува фон дер Лајен.

„Во стратешките сектори, европските преференции се неопходен инструмент кој ќе ја зајакне производствената база на Европа“, рече таа.

Во својот говор, таа додаде дека Европа мора да ја зголеми својата конкурентност преку „зголемување на производството“ на континентот и „проширување на мрежата на сигурни партнери“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми