1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фон дер Лајен го преживеа гласањето за доверба во ЕП

ЕМФ | агенции
10 јули 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го преживеа гласањето за доверба Европскиот Парламент.

Жена со ссветло палто и црна блуза (претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен) седим во пленарната сала на Европскиот парламент со насмевка на лицето. Позади неа има европратеници.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во Европскиот парламент (архивска фотографија)Фотографија: Philipp von Ditfurth/dpa/picture alliance

Предлогот на романскиот европратеник Георге Пипереа од крајно десничарската група на европски конзервативци и реформисти (ЕКР) да ѝ се изгласа недоверба на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска (10.07) не помина во Европскиот Парламент.„За“ предлогот на Пипереа гласаа 175 членови на ЕП, што е значително помалку од потребното двотретинско мнозинство. 360 европратеници гласаа против предлогот, а 18 беа воздржани.

Пипереа ја критикува претседателката на Комисијата, меѓу другото, за недостаток на транспарентност во набавката на вакцини за време на пандемијата на коронавирусот. Пипереа, исто така, ја обвинува Европската Комисија за мешање во претседателските избори во Романија.

Пратеничките групи на Социјалдемократите, Либералите и Зелените пред гласањето соопштија дека нема да гласаат као десницата. Сепак, тие делумно се согласија со критиките за недостаток на транспарентност на Комисијата изразени во предлогот.

И покрај неуспехот на предлогот, Рене Репаси, претседател на европската СПД, по гласањето зборуваше за „предупредување“ за Комисијата и ја повика Европската народна партија (ЕПП) и нејзиниот претседател, Манфред Вебер, да го прекинат својот „нежен пристап“ со „непријателите на Европа“ од десничарскиот табор и наместо тоа да се фокусираат на „стабилни, проевропски мнозинства“.

ЕПП, чија членка е Фон дер Лајен, освои убедливо најмногу гласови на минатогодишните европски избори. Оттогаш, Вебер се потпира на променливи мнозинства во парламентарната работа, понекогаш вклучувајќи ги и гласовите од ЕКР.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми